Кандидатура за претседател [Little Beast]

Day 3,690, 12:23 Published in North Macedonia Lithuania by Little Beast

Поздрав до сите.

Поради вишокот на време кој ќе го имам во следниот месец имам желба да се кандидирам за претседател на Македонија и во продолженија ќе ви ја презентирам мојата програма и моите планови кои се надевам дека ќе успеам барем делумно ако не целосно да ги реализирам. Причината поради која би бил задоволен и со делумно реаизирање е бидејќи Македонија не е сама на играва и треба и договор со останатите наши сојузници и пријатели, а и сите аспекти и случувања не може 100% да се предвидат.

Сакам да ги запазам сите делови од играта па ќе се обидам да ги поделам со точки.

1.Воено поле

2.Даночно и финансиско поле

3.Стимулационо поле

4.МОФА поле



1.Воено поле

Имавме жестока операција во Аргентина претходниот период каде начисто се исцедивме, но за среќа малце гифтовите не кренаа на нозе. Операцијата во Аргентина заврши, па редно е да се посветиме малце на фармање. Долго време се влече идејата за создавање нова тренинг војна со било која држава, и периодот кога е помирно треба да се искористи максимално за да се вратат изгубените сили. Се надевам дека ќе успеам да издејствувам отварање на нова тренинг војна во која како играчите така и државата од медалите ќе има корист за полнење на касата која планирам да биде доста искористена и тоа на правилен начин кој ќе ви презентирам подолу.



2. Даночно и финансиско поле


2.1 Даночно поле

Како член на конгресот овие денови видов многу вербални напаѓања околу даноците во поглед на нивната висина. Моето мислење е дека даноците се на доста солидно ниво периодов особено земајќи го предвид фактот дека немаме повеќе диктатура, а во касата ќе треба да има пари за да се спроведат проектите кои ги планирам да ги воведам.



2.2 Финансиско поле

Моментално во касата дневно се слеваат околу 100.000 денари. Тоа значи дека на месечно ниво во државната каса ќе има 3.000.000 денари. Од овие средства планирам на неделно ниво да се повлекуваат 100.000 денари кои ќе бидат наменети само за КО. Овие пари би ги донирал лично во единиците Heaven Legion и Red Fury по половина значи по 50.000 денари неделно по единица. Овие единици ќе ги одберам бидејќи се најактивни. Со овој план Македонија ќе има 400.000 денари само за КО на располагање месечно. Сите знаеме дека ние сме доста ранливи во авио битките па најверојатно КОто би било искористено за таквите битки.
Бидејќи се планира период на фармање би сакал државата да има силни ресурси за да може слободно да се планира и потешка операција во иднина. Исто така дел од средствата кои по донацијата би биле 2.600.000 денари, дел од нив планирам да ги потрошам за купување на леб како би го наполнале АСот за да можеме да отвориме нова трениниг војна во случај да нема опција со веќе постоечките соседи да се издејствува нешто. За овој дел повеќе од 300.000 денари не би издвоил. Остануваат во касата 2.300.000 денари.



3. Стимулации

Овој сегмент ќе го поделам на два дела:



3.1 Ground стимулација

Во минатото имаше акции за донации од државниот буџет каде се нудеше помош за купување на пакети на играчите. Имајќи ја погорната математика дека во државниот буџет после повлекувањето на КОто и лебот за АСот, Македонија ќе има уште 2.300.000 денари планирам 300.000 денари да бидат одвоени за стимулација за пакети според правила и прописи кои ќе бидат следни:

Максималната висина на помошта ќе изнесува 30.000 денари што значи дека 10 души ќе може да добијат помош. Ќе треба да се пополни формулар за апликација кој ќе биде дополнително изработен и ќе има критериуми кои ќе треба да се исполнат за апликацијата да биде разгледана.

Критериумите би биле според сила, дивизија и според гаранцијата која играчот би ја добил од двајца угледни играчи дека средствата ќе ги врати после 30 дена. Оваа идеја треба да се доработи, но вака како пилот проект мислам дека знаете за што станува збор.



3.2 Aero стимулација

Знам дека се креираше авио единица и се надевам дека ќе биде идејата прочитана и ќе се даде предлог за подобра доработка на идејата доколку имате замерка.

За што станува збор?

Планот е да се добиваат субвенции на играчи кои имаат ранк до Wing Commander и тоа не според штетата туку според убиствата. Причината за ова е да бидат стимулирани играчите да пукаат и секако дека почетник ќе прави мала штета и не би бил мотивиран да пука. На овој начин ќе има барем минимален стимул за играчите кои сакаат да помогнат да ни стане авијацијата на ниво како обичните битки.
Субвенциите би требало да се даваат во пари и тоа за одреден број убиства одреден број на пари, пример:

150 убиства 100 денари (ова би можело да претрпи промени)

Плус топ 3 ранкинг за играчите со најголем број убиства кои се под ранкот Wing Commander да добиваат дополнителни средства на крајот на неделата и тоа вака:

Топ 1 – 3.000 денари
Топ 2 – 2.000 денари
Топ 3 – 1.000 денари

Зошто упорно го сметам Wing Commander ранкот?

Сепак според мене тоа се смета за некоја минимална граница над која веќе се смета играчот за солиден авијатичар, нешто што ние го немаме во моментов. Нема да ме зачуди постарите играчи и играчите со поголем ранк да негодуваат зошто за нив нема субвенции, но идејата е да се привлечат што повеќе играчи кои не пукаат или имаат многу мал ранк секојдневно да го зголемуваат и својата штета да ја користат во авио битките.

За пресметка на средства кои ќе бидат издвоени за оваа намена ќе ми треба помош од играчите кои се веќе во авио единиците, па би ги замолил доколку бидам избран за ЦП да ме контактираат и да направиме план и дополнителен договор. Искрено не верувам дека би се одвоиле повеќе од 200.000 денари за оваа намена, па така во буџетот ако се испадне по планот би останале 1.800.000 денари за следниот претседател.

Имајте на ум дека + 300.000 денари кои би се вратиле од играчите на кои им се помага за пакети значи би имал 2.100.000 денари од старт.



4.МОФА поле

Во овој дел не очекувајте некои претерани промени. Ќе се залагам во периодот да ги задржиме постојаните пријатели и МППа и да се трудиме да бидеме поактивни во битките на сојузниците за да имаме лице кога нас ќе ни треба помош да можеме да побараме и да бидеме вистински сојузници како што и впрочем досега секогаш сме биле.

Овој период истекува и НАПот со Грција, па така ќе треба да се внимава и да се влечат потезите многу прецизно. Бугарија е наш сојузник кој е под опсада од Турција и се наоѓаат во многу тешка позиција. Ништо не сакам да ветувам или да тврдам дека ќе биде само сакам да ви посочам дека треба да имаме обзир за нашите сојузници и пријатели и да имаат максимална поддршка од нас. Како што наведов погоре тренинг војна ќе биде една од опциите, но првичен приоритет ќе има Бугарија и нејзиното ослободување.



Засега немам ниту еден човек во тимот и се надевам дека програмата ќе ви се допадне и ќе се има интерес од луѓе кои ќе имаат слободно време да ми помогнат во реализирање на плановите. Секој е добредојден и секоја идеја или критика ќе биде сериозно разгледана.

Искрено ваш

Little Beast