Две години Аliss Wonder

Day 1,920, 08:15 Published in North Macedonia Nigeria by Kevin09
Наближуваат две години од првото логирање на ерепублик на Aliss Wonder, една од најискрените и најдобри личности кој ја играат ерепублик. По тој повод направив интервју за нејзините почетоци, положбата во која сега се наоѓа во еМакедонија, како и нејзините планови во иднина, во целост ви го пренесувам интервјуто со Aliss Wonder.





Најнапред прво да ти се заблогодарам што се согласи за интервју и што одвои дел од твоето време иако имаш многу обврски во реалниот живот и околу водењето на дипломатијата на еМакедонија.

Аliss Wonder: Секогаш сум достапна за луѓето кои го заслужуваат тоа, меѓу кои си и ти 😘


1.Од каде дозна за ерепублик и кој беше виновникот што Aliss Wonder за прв пат се логираше на ерепублик?
Aliss Wonder: Здраво на сите 🙂
Хммммм Алисс е паметна комуникативна весела девојка што троши премногу време пред компјутер. За играва дознав од двајца другари кому сум им командант сега (Перо Марачков и Влатко Андоновски ), нема лабаво xD


2.Какко дојде до идејата за името Aliss Wonder
Aliss Wonder: Последниот филм кој го имав гледано до тој момент беше Алиса во земјата на чудата 😃 другото е јасно...

3.За многумина твојата единица не е позната.Дали можеш да ја претсавиш пред еГраѓаните
Aliss Wonder: Предаторите почнаа да постојат по распадот на МФ. Едноставно сите ние кои претходно се зближивме сакавме да останеме заедно и ова беше дефинитивно најдоброто решение. Пробавме една симбиоза со СС која не успеа како што очекувавме , очигледно најубаво функционираме сами xD Сега не би ја сменила единицава за ништо на еСветот !

ХАИЛ ПРЕДАТОРИ !!!


4.Дали накратко ни би набројала кои функции ѓи имаш извршувано до сега?
Aliss Wonder: Еднаш премиер, два пати заменик министер за надворешни работи и еднаш министер за надворешни работи.

5.Неколку месеци си на некоја битна функција во еМакедонија и секојдневно си во контакт со сојузниците,кое е твоето мислење за нашите сојузници(на кои сојузници во инднина треба најмногу да сметаме)
Aliss Wonder: Целиот ЦоТ сојуз функционира перфектно, сите си помагаме меѓусебно, се почитуваме, така да не би можела да издвојам некоја еЗемја посебно. Само се надевам и се трудам ЛИГАП да заживее и да функционира како порано !

6.Какво е чуството да се биде една од највлијателните жени во играва?
Aliss Wonder: Убаво е, понекогаш напорно и лигаво (од плукачите), меѓутоа сватив дека некои личности просто е најубаво да ги изигнорираш.... На почетокот ме фаќаше паника, се плашев да не направам грешка со некоја моја донесена одлука, иако зборуваме само за игра xD … Сега само кулирам и си ја вршам мојата еРабота 😃

7.Дали во некој нареден период може да очекуваме да ја видиме Aliss Wonder во трка за претседателското место во еМакедонија ?
Aliss Wonder: Дефинитивно да, и тоа многу многу наскоро 🙂

8.Кога би била претседател на еМакедонија што би променила на воено-политички план ?
Aliss Wonder Спомнав и претходно, само би посветила поголемо внимание на ЛИГАП. И би го скратила МППто со една земја која не игнорира последниве месец два....
А и да, вечно ропство на јужниве.


9.Кое е твоето мислење на релација COT-TWO
Aliss Wonder: Сите сме среќни и добри додека имаме корист едни од други. 🙂
Па така и овие два сојуза си помагаат еден на друг и резултатите се повеќе од очигледни.


10.Кога би се растурил EDEN сојузот која земја би сакала да ја видиш како сојузник на еМакедонија
Aliss Wonder:Ха хааааа Кина xD

11.Која е прилината продади која ја сакаш Кина како сојузник на еМакедонија?
Aliss Wonder:Проста причина, секогаш е поубаво да имаш силен сојузник од твоја страна отколку од спротивната 🙂

12.Политиката на еМакедонија во последно време е сведена на неколку луѓе,која е причината што дел од постарите и активни играчи се откажуваат или одат во двоклик?
Aliss Wonder: Монотонијата убива 🙂 Мада месецов ич не ни е досадно....

13.Kое е твоето мислење за походот на сегашниот ЦП и преместувањето на главниот град во Азија?
Aliss Wonder: Има потполна подршка од мене. Што подалеку од Балканот толку подобро...

14.Кога би направила паралела кога ти почнуваше и случувањата сега што е она што би променила сега?
Aliss Wonder: Би ја воскреснала економијата во играваааа !!!! Ќе еУмреме за еЛепче бре !

15.Која е причината што ја играш ерепублик веќе 2 години?Што толку те привлекува во играва и после 2 години секој ден да си активна по повеќе од 5 часови ?
Aliss Wonder: Луѓето, сите започнати пријателства и другарства, сите испиени кафиња и пива , седенки, кафани, љубави и што ли уште не...

16.И за крај која е Aliss Wonder кога не игра ерепублик?
Aliss Wonder: Ненаспиен вечити студент што со душа чека да си ги намали обврските и да кидне на северот xD

17.За крај што е она што би порачала на сите Македонски еГраѓани?
Aliss Wonder:Уживајте во играва, не навредувајте никому (освен јужниве и Плато), бидете сложни и кажувајте ми рв-а, само еден рв медал имам, гревче xD
И нормално ЧЕСТИТ НОВ ГЛАВЕН ГРАД !!! Ајмо сите на плажа \o/\o/




Ова беше се во интервјуто со Aliss Wonder дел од Македонскиот МоФа тим, и една од највлијателните личности во политиката во еМакедонија.

Ти се заблагодарувам по втор пат и ти посакувам уште многу е-родендени да си прославиш со многу голд на твојот акаунт и секако повеке рв медали 🙂 И да у реалниот живот што поскоро да рипнеш во тавче и да не израдуваш сите нас.