“Еден за сите, сите за еден“ Alan Ford vs. Alexandre Dumas

Day 1,202, 02:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Mr Pink RD

Ете ме мене ден недела, а јас слободно време. Изминатава недела помина како што трпи македонскиот јазик 🙂 “многу малку“ тивко! Имавме акција, добивме територија од еСрбија и имавме еИзбори!
Ама ете се загреав за играва 🙂 па сакам да ни биде подобро и секој еОбичен еМакедонец едноставно да ужива во благодетите на оваа игра. Ова е интерактивна социјална игра и еден без друг не можеме...секое лосо однесуванје на поединец им се враќа на останатите кој од “којзнае“ какви причини одлучиле да ја играат овааа игра како што доликува ФЕР И НАИВНО(бидејќи е само игра).
Политиката е важен дел од оваа игра. Секој кој сака да напредува во “нивоата“ на еРепублика ќе мора да ја запознае и таа област! Таму се кршат копјата на човечките мудрости и егоизам. НЕ МОЖЕШЕ, А ДА НЕ СЕ ПРИМЕТИ дека во ова војна која повеќе од очигледно беше тренинг војна изостана демократскиот момент. Се форсираа само играчи и паравоени единици блиски до оние во врвот на политиката...не пишувам општо ќе го спомнам само Струмјанин. За воља на вистината ќе си кажам дека, јас на овие избори гласав за него бидејќи и не знам за подобри од него, меѓутоа ова е директно укажување кон вас претсеателе да внимавате следниот пат. Сите треба да добијат шанса особено кога е тренинг војна....сите плаќаме данок и секоја единица треба да се има во предвид. Целта само во овој случај ќе ги оправда средствата. Посилни единици посилна еМакедонија. Насловот мо\еби на некој и нема да му е јасен 🙂 има тука млади деца кој воопшто и не чуле за Ваша Висост и како тоа старче ги делеше парите на екипата....по еден долар на сите, а сите останати за него....наспроти она на Александар Дима да се подели праведно, чесно и по сечија заслуга...Unus pro omnibus, omnes pro uno!
Искрено до вас главните во политиката секоја чест. Јас немам толку време да одвојувам за играва. едноставно физички не можам, но ја засакав играва и ете сакам да придонесам за успешно реализирање на еМакедонија!!!

срдечно до следниот пат еОбични еЛуѓе
Игор