Војната со Америка и други нешта. [lazarosaMKD]

Day 1,787, 04:05 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

четврток, 11 октомври 2012
статија бр.111

Содржина:
1. Лигурија.
2. Апулија.
3. Војната со Америка.




1. ЛИГУРИЈА.

Вчера, дури по третиот обид (типично за нас🙂 ) конечно ја вративме Лигурија.
Враќањето на Лигурија беше за да изгубиме граница со Америка и да прекине војната со нив.
Додека траеја неуспешните обиди за отсекување со Америка како резервен план требаше Франција да не прогласи за ПН (Природен Непријател) и да не нападне во Тоскана кој регион требаше да го изгубиме.
Поради некоја причина:
- цп-то на Франција е нуб
- цп-то на Франција намерно се прави недоветен, неспособен и не изигра

наместо Тоскана ја нападнаа Сардинија што нас воопшто не ни беше од полза и кој регион го одбранивме нападот а моментално додека ја пишувам статијава тече нашиот напад на Корзика кој додека ја читате статијава веќе е освоена.
За импликациите од ова во третиот дел од статијава, војната со Америка.

Инаку Словенците не чекаа ни секунда, пуштија веднаш ПН на Италија за да ја земат Лигурија.
Закон за ПН на Италија.



Односите со Словенија се топло-ладно и зависат од овие региони кои тие си сметаат дека им се "од татко им наследство".
Македонија е одличен сојузник кога е на 3 региони и кога води бесконечни војни со Грција во кои одвлекува милијарди грчка штета додека некој потпишува НАП-ови (Пактови за ненапаѓање) со сите можни и неможни соседи, нема војна со месеци (месец е големо временско растојание во една онлине игра) и ужива одлични (споредено со својата воена сила) 8-9 ресурси.

Од друга страна, Македонија е лош сојузник, алчна, себична кога еднаш во 2 години ќе реши да се забавува и да оди на 9-10 ресурси
(кои не значат нешто посебно со оглед на ереп економијата, но кои се некаква цел ете за првпат откако си во играта да стигнеш до нешто кое можеби изгледало за невозможно ако се земе нашата местоположба и распоредот на ресурсите)

Сега кога Лигурија наскоро ќе е словенечка, може да се очекува "затоплување" на односите, можеби и МПП па и барање за Тоскана (шалитра) кога веќе на нас "не ни треба" регионот.


2. АПУЛИЈА.



Апулија е мост за Италијанските региони и можноста да се излезе од Балканот.
Во тек е закон со кој Италија ја напаѓа Црна Гора.



Можната игра е Италија намерно да загуби (или во превод Грција, Хрватска намерно да не се борат) за да потоа Грција ја нападне Црна Гора и да ја земе Апулија.
Со тоа би ни бил попречен излезот од Балканот на подолго време, имаме НАП со Грција кој трае до почетокот на наредниот претседателски мандат па дури и потоа добро треба да се размисли дали би се напаѓала Грција што би значело бесконечна војна на земји со изедначени сили.
Користа од таа војна е само кај земји како Словенија кои ја користат својата добра местоположба за лесни ресурси во комбинација со НАП-ови.
Би можеле да пробаме со востанија во Апулија со помош од сојузници и востанија во сите други можни држави кои се под грчка окупација.

Ноќеска Македонија пушти закон за ПН на Италија.



Со 2 брзи напади во Молисе и Апулија а истовремено Црногорците и нивните сојузници да се известат за целокупната игра што се случува, би ја освоиле Апулија.

Но се би било залудно доколку не ја загубиме границата со Америка и ако се решени да не бришат, за ова повеќе во третиот дел од статијава.


3. ВОЈНАТА СО АМЕРИКА.

Моментално Америка нема ПН со нас, го загуби кога го окупираа Воралберг а Корзика сеуште ја немавме освоено.



Додека го пишувам текстов Корзика е освоена а закон немаат пуштено.
Во меѓувреме течат 24 часа откако е освоена Корзика и утре би имале 1 можност без поправен xD да ја вратиме Корзика за да изгубиме граница.
За да се добие некој ден, наши конгресмени во Америка можат да пуштат закон на некој сосед на Америка.
Но, ако се решени Американците да не бришат, востанието во Корзика и законот за ПН од наш конгресмен во Америка само ќе ја одложат конечната пресметка.
Инаку вчера бевме во можност да видиме какви се силите кога Полска апстинира од борби за Америка.
Тие тоа го правеа поради ултиматумот од Америка дека ако не ги изгубат МПП-ата со Србија и Унгарија дека ќе ги обноват МПП со сите ЕДЕН држави.
Полска како Полска, им покажува колку се силни без нив додека Ромпер и Хрватска повторно удираа за да им покажат што губат, или "лижеа г`з" со речник на македонскиот ерепубликанец.


Расплетот од Америчко - Полскиот ултиматум е важен и за нас:

- ако Полска се откаже од Српско - Унгарските МПП тоа е можност за нас за приближување на односите со Унгарија и Србија кои моментално балансираат помеѓу нас и Полска со голема можност ние да извисиме зошто Пољаците прават дупло повеќе штета од нас

- ако Полска не се откаже од СРБ-УНГ МПП тоа е добро за нас во војната со Америка да ја тргнеме од врат Полска па можеби и Шпанија кои 2 држави се во пакет


Во секој случај, не очекуваат интересни денови🙂
На воен и на дипломатски план🙂

П.С Македонци, честит 11 Октомври 🙂