Правата вистина за Kurlo22 [Marjansp]

Day 1,650, 03:52 Published in North Macedonia North Macedonia by marjansp

Инспириран од разните шаути и статии што се напишаа деновиве, сакам да ви ја кажам правата вистина за тоа кој е и што е Kurlo22.

Многумина избрзуваат со заклучоци дека Курло бил потплатен од Smee again за да му даде државјанство, дури некои , инспирирани од филмовите на James Bond или Долина на Волците одат дотаму што тврдат дека Курло е нечие мулти и ова се е заговор против Македонија.

На никого не му текнало да го отвори профилот на Курло и да види кога е создаден и да размисли дека новите играчи можеби и не го знаат кој е Smee again.


Накратко да ви кажам дека Kurlo22 е еден од најголемите донатори на МЦФ фондот и на Бејби сквадот, со донација од повеке од 5000 тенкови и 10 000 храна, што лично за него зборува дека е хуман човек кој не го продал газот за некакви скапани виртуелни пари, како што некои сакаат да тврдат.

Сега знам дека нема да ви е јасно како може нов играч толку да донира, меѓутоа на тие ке им порачам да му пишат ПМ и да им даде Screen од Gold статусот од LP програмата.

Дечкото троши РЛ пари на играва, секогаш се бори за Македонија и несебично помогнал на секој кој побарал помош од него иако реално ние сме тие кои треба да ги помагаме новите играчи.

Сега ние, поради една ненамерна, наивна, грешка сакаме душата да му ја извадиме?

Жално е што повеќето од нас во него не го препознаваат можеби идниот "Scymex" или "Aexil" зашто реално тој ги поседува сите квалитети еден ден да стане таков.
После немој да кукате секаде дека ни требал Бејби Бум кога и тие ретките квалитетни играчи гледате да ги избркате на секој можен начин!


P.S Курло немој да дозволиш мала група исфрустрирани да те избркаат од играва, на Македонија и треба свежа крв и требаат играчи како тебе !