Смеа до солзи [KarateMK]

Day 1,703, 05:23 Published in North Macedonia Romania by KarateMK

Четврток 19ти Јули 2012 година
Статија број 9



Здраво дечки еве ме пак мене со нова статија. Во оваа статија како што пишува во насловот убаво ќе ве насмеам до солзи со убави вицови (има и „мрсни“ xD). А и си се спремам за ММ медалчето кое ми е се поблиску и поблиску. Ајде да одолговлечувам да си напишам пет, шест, десет вицови 😃 Сега некој од нив се подолги ама верувајте ви вреди да ги прочитате



Трпе и учителката


Малиот Трпе ја прашал учителката дали може да разговара со неа од кога ќе заврши часот. Откако завршил часот учителката го прашала…
Учителката: Што е Трпе?
Трпе: Многу сум паметен да останам во овој клас. Сакам директно во гимназија.
За ова бил извесетен и директорот кој му рекол на малиот Трпе да полага тест.
На крајот откако завршил со тестот учителката сакала да му постави неколку прашања. Директорот се согласил.
Учителката: Добро, Трпенце. Кравата има 4, а јас 2. Што е тоа?
Трпе: Нозе, госпоѓо.
Учителката: Точно. Каде имаат жените највиткани влакна?
Директорот се спрема да интервенира кога Трпе вели: Во Африка.
Учителката: Што е тоа меко, а на рацете на жените станува тврдо?
Директорот ококорил очи, но Трпе рекол: Лак за нокти.
Учителката: Што имаме ние жените и мажите на средина на нозете?
Трпе: Колена!
Учителката: А што има мажената жена пошироко од немажената?
Директорот не им верува на ушите!
Трпе: Кревет!
Учителката: Кој е највлажниот дел од моето тело?
Трпе: Јазикот!
Учителката: Кој збор почнува со “п”, може да биде суво и влажно и мажите сакаат да го гледаат?
Трпе: Пат!
Директорот, без здив, целиот препотен, го прекинува тестот и вика: Не те праќам во гимназија, туку право на факултет!
Дури и јас би одговорил погрешно на прашањава…



Силегија и Бурек

Прв ден: Влегува силеџија во аптека
-Дај ми бурек!!
Аптекарот, некое ситно човече уплашено му вели:
-О..ова е… аптека… нема бурек..
-КАКО БЕ НЕМА !!!!?- се лути силеџијата и доообро го претепува.
Втор ден:Повторно силеџијата во истата аптека
-Дај ми бурек!! Ама со месо!
Аптекарот:
-Ама… човеку.. ја..јас снабдив бурек ама само… со сирење… не знаев… – и повторно сиротиот добил ќотек.
Трет ден:
-Дај ми бурек!!
-Повели, повели…. со спанаќ, со месо, со сирење …каков сакаш… А извини да те прашам јогурт сакаш ли…
оти… има и јогурт….
-ААА не јогурт ќе ми дава оној од железарата…



Крстозбор

Како плавуша решава крстозбор:
1. Женско дете ( 5 букви ) ИВОНА
2. Телефонски повик (3 букви) ЗВР
3. Не е гладен (3 букви) ПУН
4. Види слика (5 букви) ВИДОВ
5. Припадник на полиција ( 8 букви ) ДОБРОМИР
6. Врста на метал (4 букви) ПЛЕХ
7. Неопходен зачин (2 букви) ЦЕ
8. Машки полов орган (3 букви ) МЕК
9. Дел од прибор за јадење (3 букви) ЗАБ
10. Најмал троцифрен број (3 букви) ООО
11. Основен пијалок (4 букви) ПИВО
12. Болест која не се лекува (4 букви) СМРТ



Отсуство

-Трајче зошто вчера не беше на училиште?
- Ја водев кравата на бик
- Епа не можеше ли татко ти?
- Можеше, ама подобро е на бик.



Танга

-Што е тоа танга?
-Тоа се женски гаќички што никогаш нема да станат крпа за прашина!



Сексуален живот

Цветко новинарот на улица прави анкета за сексуалниот живот на пензионерите и прашува еден дедо каков е неговиот сексуален живот, а тој одговара:
- Епа јас кога ќе станам од сабајле одам по леб и млеко, па го носам внучето во градинкка, па одам на пазар, па потоа го земам внучето од градинка, па одам да докупам уште нешто, па….
Новинарот го прекинува:
- Ама извинете јас ве прашав за сексуалниот живот, а не за…
- Е синко, денеска мене така ме ебаваат…



Физика

Отишол Мујо кај Хасо на гости и го гледа Хасо како го става пенисот на печка и го прашал што е работата, а он му вика:
- Па нели Мујо телата на топлина се шират а на ладно се теснат!
- Добро, а кај е жена ти?
- Па во фрижидерот.



Жив ѕид


Играат фудбал Бразил и Босна и Херцеговина
Бразил изведува слободен удар, а босанските играчи од живиот ѕид се свртеле накај голманот.
Голманот им вика:
-Абе вие нормални ли сте, свртете се напред!!!
А Мујо му одговорил:
-Не се дери ко ненормален бе, и ние сакаме да го видиме голот.



Феномен

Што е тоа феномен???
- Човек што знае да користи фен!!!



Вентилатор

Починал некој човек и чекајќи ред кај Свети Петар, забележал многу ѕидни часовници во ходникот.
Кога дошол на ред го прашува Св.Петар:
- А бе, што оволку часовници?
- Е па според брзината на вртењето на казалките, гледам колку се краде во секоја земја.
- А Македонија не ја гледам?
- Е, часовникот за Македонија ми е во дневна, ми служи како вентилатор!



И уште само еден за крај 😃

Учењето на Исус

Седат Свети Петар, Свети Павле и Исус и си прават муабет.
Свети Петар - Абе Исусе дај научиме како одиш така по вода.
Исус - Ајде че те научам. Замижи, Сконцетрирај се и тргни.
Свети Петар тргнува ама ништо.
Свети Петар - Ајде уште еднаш да пробам.
Исус - Ајде. Сконцентрирај се, Замижи и смири се.
Пак Свети Петар не успеал, а Свети Павле од страна се смее.
Свети Петар - Неможам да одам по вода!!!!
Исус - Ајде пробај уште еднаш, Сконцентрирај се, Замижи, смири се, имај верба и тргни.
Свети Петар паднал уште еднаш и тогаш се јавил Свети Павле.
Свети Павле - Ајде бе Исусе не го мачи кажи му каде се карпите!



Дечки толку од вицовиве се надевам ви се допаднаја, ако ви се допаднаја ќе пишувам уште статии со вицови. xD



Еве за каква танга ви зборував бела 😃



Ајде сега за ова сите да удирате субој усте 144 ми фалат до ММ.




Сите статии можете да ги погледнете овде!!!



Ваш искрен
KarateMK !! 😃


Смеа до солзи [KarateMK]
http://www.erepublik.com/en/article/-karatemk-1-2084812/1/20