[ МНФ ] Kонкурс за конгресменските избори [ Потпретседател ]

Day 1,217, 09:43 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD





Пријавување за конгрес најкасно до утре - 19:00 вторник 21 март 2011!!!



Добра веб страна со корисни информации за еРепублик - http://erepublik-market.com




Значи Македонски Национален Фронт распишува конкурс за конгресменските избори кои ќе се одржат на 25ти март. Ова се првите избори во кои дел од конгресмените ќе бидат обичните членови на МНФ, бидејки претходно ги одбиравме само најдобрите од раководството. Но сега и Вие ќе ја имате шансата да се докажете и доколку увидеме ние од раководството дека сте потенцијал можете да станете конгресмен и можеби понатаму дел од раководството на МНФ.

Истотака веќе 2 месеци сме во коалиција со ВМРО - ВЕП која не поддржа за претседателските избори, а сега и здружено одиме на конгресменските избори!

МНФ отсекогаш била демократска партија во која секој нејзин член одлучува за нејзината иднина и развиток на партијата и државата преку конкретни предлози. Со тоа докажавме дека МНФ може да стане сериозен претендент наскоро да стане владеачка партија - никогаш не се знае. На вас е да одлучите која партија да ја изберете. Нашата програма е овде!



СТАВАЈТЕ ЛИНКОВИ ОД ВАШАТА ПРЕЗЕНТАЗИЈА,АКО НЕМАТЕ ВЕСНИЦИ,САМО ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВО КОМЕНТАРИ,ЌЕ БИДЕТЕ КОНТАТКИРАНИ И УСМЕРЕНИ...

Доколку сакате МНФ да ве поддржи, со овој конкурс едноставно треба да ставите во коментари линк од вашата кандидатура а партискиот комитет ќе разговара и одлуката ќе ви биде соопштена денес, најдоцна утре.

Затоа МНФ е партија на граѓаните! За ДЕМОКРАТИЈА! за подобра МАКЕДОНИЈА!



Потпретседател на МНФ,