Игра или можеби не?:) [It is a Game or not? :)]

Day 1,078, 17:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Exlexmk




Ете го имам весников којзнае од кога дојде ред и јас да пишам нешто 🙂
Нека биде еден вид на Апел до сите.

Прво би сакал да ги предупредам сите наши момци, еМакедонци да намалат односно прекинат со навреди, секој пост на било кој артикл по веснициве може да се пријави до админ и поради континуирани навреди да заработите перманентен бан од игра.
Тоа на никој не би му било во прилог.

Ова е сепак Игра, Игра во која скоро 2години најактивните еМакедонци градеа надворешна политика, пријателства низ еСветот. За сето тоа време нашите позиции и алијансата за која игравме беше и сеуште е, Феникс.

Во соседството наше во Феникс алијанса се еСрбија и еБугарија, значи (баталете РЛ политика) во интерес ни се добри односи и со едните и со другите, патем односи кои ги имавме пред да не додадат во еСветот како еМакедонија.

еГрција е во алијанса со EDEN државите, непријател наш број еден одсекогаш во еСветот, поради нив и сме додадени толку доцна во играта.

Да не филозофирам, само онака „лабаво“ сакав да нафрлам некои работи за да полесно ги разберат младите еМакедонци без да замарам со филозофии.

Шо се однесува околу односите со еБугарија одкако не додадоа.
Индиции има од одредени групи во еБугарија да не нападнат, апетитите растат, се закануваат со Вето на државно ниво. Се појавија и групи во еМакедонија со обид да направат превземање на партија, на конгресс, имаат кандидат и за претседател во еМакедонија, како и да е, најмалку треба да се плашиме од еБугарија, ни пак треба да се замараме со нивните провокации, засега и од државно ниво со закани за Вето.
Зошто?
затоа шо после толку време одкако се додадени во играта имаат 50% помалце играчи од еМакедонија.
Факт е дека многу од нашите 8000+ нема да продолжат да играат, но истото се случува насекаде.

ако Бугарите нападнат тие ќе бидат тие кои мешаат РЛ у играва не ние ..

и ние Бејби Бум направивме врз основа на РЛ политика .. но РЛ политика никогаш не мешавме со еБугарија во играва затоа шо играме за иста алијанса.

гледам препукувања и карања по весниците ..
но колку има од еМК кои се караат толку има и од еБГ ...
еГР си тераат сеир ...

искрено .. не се замарам дали ќе нападнат или не (се однесува за еБГ) сепак ова е само игра, но така лесно нема да поминат.
за брзо време малите левели на играчи кои ги имаме ќе ојачаат, + нов Бејби Бум .. е тогаш незнам како ќе си поминат.
како викаат кој последен се смее најслатко се смее ..

сега не аднаа, имаме многу млади, администрација сеуште несредена, економија само што треба да почне да се крева, можеби сакаат да го искористат тоа .. но ако се случи тоа, тоа нема да биде нашиот крај .. туку почеток на нивниот крај. (имаат време да размислат)

Чекавме 2 години за еМакедонија ... играта само шо започна!


МнМ