(ПРОЧИТАЈ) ПРОГРАМА НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ - I ДЕЛ

Day 1,154, 22:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани соиграчи,
Вие сте добро информирани дека Македонскиот Национален Фронт е нова политичка сила во еМакедонија.
Македонскиот Национален Фронт е партија чие членство за 2 дена порасна за 200% и ќе продолжи да расте.
Македонскиот Национален Фронт е партија во која веќе членуваат голем број на искусни играчи, но и голем број на наши млади ентузијасти.
Македонскиот Национален Фронт е партија во која има место за сите слободоумни граѓани.
Во Македонскиот Национален Фронт се цени и ќе се цени вашата креативност и активност.

Амблемот на МНФ можете да го најдете овде: http://mkdcom.com/MNF.jpg
Официјалниот канал за чат е овде: http://mibbit.com/?channel=%23mnfront&server=irc.rizon.net
А можете да се зачлените во МНФ, овде: http://www.erepublik.com/en/party/makedonski-nacionalen-front-3343/1

Во насока на јавност во нашата работа би сакале да ве информираме за неколку базични програмски теми за кои се залага Македонскиот Национален Фронт - МНФ.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ на МНФ

1. МНФ се залага за плурализам и силна демократија во еМакедонија
2. МНФ се залага за силен развој и раст на Армијата на Република Македонија - АРМ
3. МНФ се залага за реформа на државната управа
4. МНФ се залага за развој на економијата
5. МНФ се залага за борба со сиромаштијата во еМакедонија
6. МНФ се залага за вклученост на сите играчи (џомби и ентузијасти) во структурите на државната управа, армијата и државното стопанство
7. МНФ се залага за достапност на функциите до што е можно поголем број на играчи
8. МНФ нема да дозволи еден играч да извршува повеќе од една функција во државата
9. МНФ се залага за транспарентност и отчетност во трошењето на државните пари.
10. МНФ се залага за зајакнување на меѓупартиската соработка

ПРВА ГЛАВА
РЕФОРМИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА

Почитувани,
еМакедонија е поставена како парламентарна демократија со силен претседател, избран на непосредни избори. Системот на играта е поставен до тука, но за сите други можности се остава простор за нашата креативност и слободоумност.

Основни принципи по кои се води МНФ при размислувањето за реформа на државната управа се:
- динамичност
- способност
- кративност
- транспарентност
- вклученост на поголем број на играчи
- демонополизација на играта и функциите

Што ќе направи МНФ ако ја добие подршката на граѓаните на еМакедонија:

1.Пишување на Устав во кој прецизно ќе биде поставена организацијата, поставеноста, надлежностите, првата и одговорностите, начинот на избор и начинот на разрешување на сите државни и армиски функции.

2. Ќе воведе две високи државни функции
- Гувернер на Народната Банка на Македонија
- Началник на Генералштаб на АРМ
Овие две функции би требало да ги назначува директно Претседателот на еМакедонија, но во директна и широка согласност со Конгресот и позначајните партии во еМакедонија.

3. МНФ ќе формира два високи државни органи:
- Генералштаб на АРМ (во кој ќе членуваат сите команданти на бригадите и офицери со висок чин)
- Совет на НБМ (во кој ќе членуваат лице назначени од Претседателот, Владата и Конгресот, а ќе имаат улога да ја водат монетарната политика на државата)

4. Ќе воведеме шема на редовни седници на Владата, Конгресот, Генералштабот на АРМ и Советот на НБМ (пример: најмалку еднаш неделно)

5. Ќе се формира орган кој ќе биде надлежен за контрола на трошење на државните и армиските финансиски средства (во овој орган ќе членуваат претставници од сите партии и сите органи на државната управа)

6. Ќе се зајакне Министерството за надворешни работи со засилување и давање на значење на функцијата Амбасадор во за нас приоритетните држави

7. Сериозна реформа во Министерството за економија, каде би се формирале неколку Дирекции, и тоа:
- Дирекција за жито и храна
- Дирекција за оружје
- и дирекции за сите нови индустрии
Улогата на овие дирекции ќе биде да го следат пазарот, да го нивелираат, но и да основаат и да раководат со државните компании во секоја од овие области.
Нивната цел е да интервенираат на пазарот со интервентна продажба на стока, интервентен откуп, ослободување или вработување на вишоците на работна сила.
Овие дирекции ќе бидат задолжени за формирање на државните резерви за сите потребни продукти.

8. Зајакнување на Министерствата за здравство, образование и информирање и интензивирање на нивната работа.

Во утрешниот ден ќе ви ја претставиме нашата програма за реформа во Армијата на Република Македонија.

Ве повикуваме да ни се придружите и да се зачлените во МНФ. Таму е местото на сите креативни и слободоумни граѓани.