Биди дел од H.O.P.E!

Day 1,672, 10:39 Published in North Macedonia Thailand by Lily Snape

Се роди нова надеж.. Се роди H.O.P.E 🙂

Have Only Positive Expectations !!



Искрено партиите во еМакедонија не се активни, исклучок се деновите пред избори кога се бараат гласови. Зборуваат за визии, идеи, планови.. КОИ СЕ ТИЕ? Играва стануваше се повеќе монотона, ми здосади да гледам како секој ден некој играч крева раце и се откажува; Пасивноста на партиите ме иритираше; Едноставно се губеше волја и не гледав напори да се врати жарта и желбата за игра. Дојдов до идеја, да создадам партија каде што ќе успеам да ве сплотам, сите, без разлика на која дивизија припаѓате, во која единица се наоѓате, без разлика колку сила и ранк имате. Да станете дел од едно еСемејство, една еЗаедница каде што ќе бидете прифатени, ќе се дружите и ќе си помагате меѓусебно.

Знам дека не сакате да читате долги статии, нема повеќе да одолговлекувам и ќе ви ја претставам програмата на партијата ;

1. Канал на партијата : #hope [Rizon]

2. Daily Box : Ова ќе претставува поштенско сандаче, коешто ќе се наоѓа во My feeds на партијата, и во топикот на канал .. Секој ден ќе пристигнува ново писменце коешто ќе содржи слика, песна или цитат се со цел да ви го разубави денот, да ве мотивира, да ве насмее и расположи.

Еве како би изгледало тоа :

18.06.2012 DailyBox http://tinyurl.com/bo2x4ra





3. Формулар : Во секое време можете да го пополните овој формулар, и да ги принесете вашите идеи и предлози за дебати и тимски активности. Не двоумете се вашата креативност да ја споделите со нас. Секоја критика е добредојдена, доволно е само да бидете искрени, многу ми значат вашите мислења.

Еве го и линкот од формуларот кој истотака се наоѓа во топик на канал како и во Info овде



4. Дебати : Еднаш во неделата , ќе бидете навремено известени во кој ден, на кој датум ќе се одржи дебата на самиот канал на партијата.. Едноставно ќе се разговара на одредена тема, со цел да се дружиме и да ги споделиме своите ставови и мислења.. Во ред е да се водиш по сопствениот инстинкт и разум, но секогаш е добро да се слушне туѓо мислење, и да се види како другите луѓе гледаат на нештата.. Сметам дека има многу теми за кои би сакале да дискутирате и дебатирате, така да секој предлог од ваша страна ќе биде прифатен со задоволство.

5. Тимски активности : Целта на овие тимски активности е да се забавуваме и дружиме, и притоа да придонесеме за нашето еОпштетство..
Овде се подразбира :
- заедничко мавање во битки ;
- донации на бебињата од BABY's SQUAD ;
- поделби во важни битки ;

Листата со тимски активности секако дека ќе биде надополнувана, и како што спомнав слободно давајте ваши предлози.

Секој од вас слободно може да се обрати и да побара помош за што било.
Тука сме секогаш да ви излеземе во пресрет.

И Официјално ве поканувам да станете дел од нашето надежно семејство 🙂

Со Почит, Lidija MK o7