* * * Guerrilla Fight & Daily Order * * *

Day 1,966, 13:56 Published in Serbia North Macedonia by Goceski
Статијава пред се e наменета за послабите играчи и за оние кои немаат намера да бркаат победи во Guerrilla Fight (GF).

Во договор со соборецот rgorgievski (двокликаш и тотално назаинтересиран за GF) решивме да испробаме како изгледа да се исполни Daily оrder а да се искористи можноста што ја нуди GF.

Идејата беше да тестираме 3 опции:

1.Пукни и бегај
2.Пукај до крај
3.Само бегај



Со план да не се потроши ништо, во GF битките одлучивме да се влезе само со пиштол кој чини 3,25cc, таман колку да не биде ептен без ништо, пошто нема опција со голи раце да се дави противникот). Целосно без ARMOR.



За битка е одбрана онаа која беше поставена за DO - Sinai



* * * Почетен статус: 0/25 убиства * * *


1. ПУКНИ И БЕГАЈ



Направени 5 убиства и влез во GF битка...



Одма даде појак играч...









* * * Статус: 6/25 убиства (5 стандардни + 1 од GF) * * *

Првава тактика ПУКАЈ/БЕГАЈ не се покажа баш како добра...
...одиме понатаму...


2. ПУКАЈ ДО КРАЈ



Направени следните 5 убиства за нова GF битка. На сликата ја гледате и Lana. Некои уште ни таа мисија ја немаат завршено (дво кликаши со тапија).

Даде противник скоро со иста сила...





Пошто сега беше планот да се пука до крај, битката беше решена така што нашиот 2 клик соборец rgorgievski остана без куршуми, при што треба да се забележи дека до моментот кога остана без куршуми имаше повеќе енергија од шпонот т.е. имаше направено повеќе штета.

Порака до Плато: Стари дај опција да може противникот да се дави со голи раце или стави камења покрај патот, па со камења да го гаѓаме противникот...







* * * Статус: 12/25 убиства (10 стандардни + 2 од GF)* * *


3. САМО БЕГАЈ

Пошто во претходната битка го потроши пиштолот (во научни цели) купи нов пиштол за 3.25cc…



и одиме во следната GF битка...



…пак го даде истиот шпон. Бидејќи се испробуваа варијанти се држевме до договореното...тактика само бегај (Додека тие кукавички напаѓаа, ние храбро бегавме као соколи).



последна 20 рунда, а не е потрошен ниту еден куршум и останата е скоро целата енергија...







Лана придонесе моментално да биде и на 1 место во 2дивизија.

* * * Статус: 18/25 убиства (14 стандардни + 1 Лана + 3 од GF) * * *



...
Со надеж дека пак ќе го даде шпонот, моравме да испробаме и 4 опција:
...




4. Е СЕГА ЌЕ МУ ЕБАМ ПИПЕРОТ



Спремно оружје и FULL ARMOR.

Направени 5 убиства и влез во Guerrill Fight...



Плато не би бил Плато ако не ти ја расипе математиката... кај го најде сега овој Иранецов?



Биткате беше тешка, можеше и да се добие, ама...









* * * Статус: 24/25 убиства (19 стандардни + 1 Лана + 4 од GF) * * *

Правите уште едно убиство и...



...исполнета дневна мисија.


5. Закључок

Доколку не бркате победи во GF, можете да исполните дневна мисија на начин помалку да се истрошите, а да добиете повеќе Military Rank поени.

25 убиства за Daily order:
21 стандардни убиства +
4 GF убиства

За убиствата преку GF сте заштедиле оружје и енергија (доколку се чувате и само бегате).

Сте добиле Military Rank како да сте пукнале 40 пати со Q7. До максимум 80 х Q7 доколку имате победи во GF битките.

Евентуално ќе треба да ја дополните енергијата изгубена во GF битките, ама затоа тука е Министерството за здравство кое дели храна на играчите до 3000 сила.

Негативна страна е што противникот прави многу инфлуенс против нас ако вие само губите во GF битките.

Со помош на Guerrilla Fight побрзо јакнете и кај и да е побрзо ќе почнете кичми да им кршите...


... Останете со здравје и ставете SUB ако не бев многу напорен со статијава 🙂 ...