>>Фељтон Индија: Како Smekerot стана Амбасадор<<

Day 1,622, 06:54 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Во претходната статија ви кажав дека ми дојде идеја малку да се позанимавам со надворешната политика на Македонија. Никогаш таквата политика не ме интересирала но се решив на таква промена колку да ми стане поинтересна играта. Ми го кажаа каналот на Министерството за надворешни работи, отидов и прашав да ми дадат амбасадорско место. Ми рекоа дека немале амбасадори но ако толку сум сакал ќе ми дозволеле да бидам. Замолив ако може тоа да биде Индија бидејки сум нов во надворешната политика а Индија е ЕДЕН земја па што и да направам поради незнаење да не и нанесам политичка штета на Македонија. Финиот дечко што ме пречека и со кого разговаравме одма ми одобри амбасадорско место и ми даде задолженија кои треба да ги исполнам како амбасадор. Едно од тие задолженија би требало да биде и оваа статија со која ќе пробам да им ја претставам Индија на Македонските граѓани така како што јас ја доживувам. Но откако Армакедонци разбраа дека сум назначен за Амбасадор побрзаа тоа да го демантираат бидејки во оваа влада Армакедонци го водат министерството за надворешни. Бидејки неможеа тоа да го демантираат пробаа да ме деноминираат од Амбасадор во „помлад помошник или соработник за надворешна политика“. Иако неразбирам што значи тоа сепак Армакедонци се Армакедонци и кој ги разбрал нив па и јас да ги разберам и престанав да се грижам за моето официјално звање туку продолжив да се грижам за задачите кои ми беа дадени од финиот дечко.



Аплицирав за Индиско државјанство со цел по реално да се вклучам во секојдневието на Индијците. Тоа беше мојата прва апликација за туѓо државјанство. Но служба си е служба и треба да се направат и некои работи кои несакаме да ги направиме за интересите на Македонија. Во Индија ме пречекаа правилата за добивање на државјанство на нивниот претседател на Конгресот. Верувајте дека моите правила за наплаќање државјанста се пис оф кејк за правилата на нивниот претседател на Конгресот. Ми побараа да се зачленам на нивнот форум, да одговорам на 5-6 стандардизирани прашања кои ќе бидат мојата апликација. Потоа следи детален преглед на мојот профил и статиите. Имаат Бугари кои ги читаат статиите на Балканските народи и гледаат дали апликантот има искуство со ПТО и дали на некој начин би можел да и наштети на Индија. Бугарските служби ми најдоа статија во која зборувам за Индија и во тој момент беше алармиран целиот Индиски државен врв. Ме контактира нивниот претседател на Конгресот и ми кажаа дека нема да можам да добијам државјанство, но можам да имам пристап до нивниот форум и нивните чат канали како би си ја вршел мојата амбасадорска должност непречено и на крајот ми се извини. Си помислив дека во Конгресите низ светот можеби имало и поголеми фраери од мене. Не ми се веруваше и им пишав ингејм порака на сите 40 Индиски конгресмени во која побарав Индиско државјанство. Од 37 конгресмени добив порака дека треба да ја почитувам нивната процедура и да аплицирам за државјанство преку нивниот форум и ми се извинија поради тоа што неможат да ми дадат државјанство без да ја завршам процедурата. Од еден натурализиран Бугарин а Индиски конгресмен ми беа побарани 10.000 пари од кои 5.000 одма а 5.000 откако ќе го земам државјанството. Му реков дека ке му дадам само 5.000 откако ке ми го одобри, но тој ме испцува и не се согласи. Триесет и деветиот конгресмен беше натурализиран Грк кој почна да ме провоцира за името Македонија, имавме една прилично напната но интелектуална расправија и на крајот и тој ми се извини и ми ја кажа процедурата. Четириесетиот Индиски конгресмен беше поранешниот претседател на Конгресот чиј мандат истекуваше на денот на мојата апликација. Ми се извини и ми кажа дека веројатно нема да добијам државјанство поради мојата статија но да контактирам со сегашниот претседател и да видам што може да направам.



Бев пресреќен. Со исклучок на натурализираниот Бугарин Индијскиот Конгрес функционираше како една фамилија. Сите си ги знаеја своите задачи, сите беа љубезни и коректни иако доаѓам од непријателска земја која едно време имаше и мисија да ја освои Индија. Индијците ми оставија исклучително убав впечаток. Ме заинтересира што ги натерало да функционираат баш така? Што ги натерало конгресмените да ги почитуваат правилата на Конгресот? Кои се тие луѓе што раководат со Индија?

Ми беше јасно дека ако сакам да си одговорам на сите овие прашања ќе морам да прочитам доста работи на нивниот форум и да ги прочитам статиите на политичката елита во Индија. Тоа и го направив и открив огромна поврзаност на историјата на Индија со историјата на Македонија. Открив дека љубовта на вистинските Индијци кон својата татковина е исто толку голема како и љубовта на Македонците кон Македонија. Открив дека степенот на Индиската култура е повисок отколку нашата и дека освен што Индијците размислуваат со своите срца како што тоа го правиме и ние, тие сепак размислуваат и со своите глави. Но открив дека не е се така розово во Индија. Открив дека и Индијците си имаат свое зло и тие си имаат свој Strumjanin и свој Армакедон.

За Индискиот Strumjanin и Индискиот Армакедон ќе прочитате во втората статија од „Фељтонот за Индија“

. . . ТУ БИ КОНТИНУЕД




За сите оние кои се родени од старамајка и сакаат да стават шаут

Фељтон Индија: Како Smekerot стана Амбасадор
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-smekerot-lt-lt-1-2023007/1/20