>>Партиите и изборите [Smekerot]<<

Day 1,539, 13:18 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Пред 2 седмици неколкумина енергични момци што и мислат добро на виртуелнава Македонија и имаат доволно време и знаење да и се посветат и да допринесат за нејзиниот развој ја креираа Републиканската Партија. За само неколку дена партијата влезе во ТОП 5 политички партии во Македонија и со тоа доби можност да се вклучи во конгресменските избори.

КОНГРЕСМЕНСКИ ИЗБОРИ

Републиканската партија им го наруши раатот на веќе постоечките 5 политички партии кои ја креираа политиката во Македонија (ОеМ, ЗПеМ, МО-УП, МРДЉС, еВМРО-ДПМНЕ). Беа тоа неколку еуфорични предизборни денови пред конгресменските избори кога сите овие политички партии се впуштија во трка по членови за да влезат во ТОП 5. Во оваа трка изгуби МО-УП која не учествуваше директно на конгресменските избори. На денот на изборите МО-УП ги поддржаа кандидатите за конгресмени на ОеМ.

Распоредот на конгресмени изгледаше вака



Сите партии кои влегоа во Конгресот освен Републиканската Партија направија коалиција и избраа претседател на Конгресот. Републиканската партија сега е опозиција во Конгресот додека сите останати партии се позиција. Му честиташе на новиот претседател и вети дека ќе учествува во работата на Конгресот доколку се почитува Деловникот за работа.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

После конгресменските избори се одржаа и изборите за претседател на еМакедонија. Републиканската партија на овие избори излезе со сопствен кандидат, ОеМ + МО-УП + МРДЉС излегоа со заеднички кандидат а ЗПеМ излезе со сопствен кандидат. Гласовите изгледаат вака:



Републиканската партија и јас како кандидат за претседател од нејзините редови му ја честитаме победата на DarkoDimovski1 од коалицијата ОеМ + МО-УП + МРДЉС и му посакуваме успешен мандат. Ја нудиме нашата помош во знаење, искуство и присутност во играва во периодот што следи заради интересите на еМакедонија.
Републиканската партија ја користи оваа прилика да им се заблагодари на своите членови за сесрдната поддршка на своите кандидати на конгресменските и претседателските избори и да вети дека нема да застане овде туку ќе продолжи активно со својата политика која веќе е препознатлива помеѓу граѓаните.
Јас од мое лично име сакам да се заблагодарам на партиите INVICTUS и Grande Lodge of Macedonia како и на раководството на Републиканската партија за нивната идеја јас да ги претставувам на претстојните избори за претседател и за целокупната поддршка која ми ја дадоа во предизборието и за време на денот на гласање, а воедно да се заблагодарам и на членовите на партијата, симпатизерите и сите оние кои ја поддржаа мојата кандидатура и гласаа за мене на изборите. Сакам на сите вас да Ви кажам дека конгресменските и претседателските избори се едно големо искуство кое ни дава стимул Републиканската партија во периодот што следи да ја направиме најмасовната партија и од таа идеја нема да се откажеме.



АНАЛИЗА И ПЛАНОВИ ЗА ИДНИНА

Доколку се споредат овие резултати ќе се види дека Републиканската партија на претседателските избори освоила 42 гласа повеќе отколку на конгресменските, коалицијата на ОеМ + МО-УП + МРДЉС освоила 161 глас помалку отколку на конгресменските, партијата ЗПеМ освоила 172 гласа помалку отколку на конгресменските, а партијата еВМРО-ДПМНЕ официјално беше неутрална на претседателските избори па нејзините гласови се разлеаа кај останатите кандидати за претседатели на еМакедонија.

Резултатите се охрабрувачки за Републиканската партија и покажуваат тренд на зголемување на нејзините гласачи. На изборите за претседател евидентно беше дека некои од членовите на останатите политички партии преку манипулации успеаа кампањата од споредување и промовирање на политички платформи и програми да ја претворат во лични дисквалификации и навреди кон членовите на Републиканската партија и во тоа успеаа. Немаше аргументи против политичката платформа туку се користеа лаги и невистини да се изманипулира јавноста. Најчести лаги кои се користеа беа дека на сите им биле земани пари за државјанства, дека парите од државјанствата биле украдени, дека со парите од државјанствата сум изградил q6 тенкара, дека државата ми дала q6 тенкара која треба да ја исплаќам на рати и со попуст, дека Панцери е единица која само плука и која нема храброст да преземе одговорност да ја води државата, дека Demigod_mk е трол кој пишува научна фантастика во неговите статии кои не се остварливи ... и уште многу други манипулации кои очигледно дадоа резултат.

Во периодот што измина низ десетина статии ги информирав граѓаните на која категорија играчи им беше наплатувано економско државјанство и тоа со одлука на Конгресот а не моја лична одлука, ги информирав граѓаните каде се потрошени парите кои Конгресот ги собра од државјанствата (документите за потрошените пари можете да ги видете ТУКА), тенкарата q6 сум ја направил со домаќинско работење во единицата Тигри и во неа сум вложил и мои лични средства и таа тенкара и припаѓа на Тигри и само на нив и на никој друг и тоа го знаат моите соработници од единицата, за прв пат во еМакедонија во претседателската програма прочитавме дека единицата Панцери е подготвена да преземе колективна одговорност за работењето со парите од НБРМ (нешто што досега ниедна единица го нема направено и не верувам дека некоја единица некогаш ќе има храброст да преземе таква одговорност) и на крај сакале ние или не мораме да признаеме дека сите идеи што Демигод ги напишал во своите статии биле остварени порано или покасно од поранешните претседатели и тие тоа го претставиле како своја идеја и како свој успех а Демигод заслужено ќе биде најдобар идеолог во оваа игра па колку сакале надри идеолозите тоа да го негираат.

Републиканската партија во иднина аргументирано ќе ги информира граѓаните повеќе околу овие работи за да во иднина не потпаѓаат под влијание на нечесната пропаганда од политичките противници.

Политиката на Републиканската партија ќе се темели на нејзината политичка платформа која ја прави оваа партија единствена партија во еМакедонија со своја политичка платформа. Политичката платформа се состои од:

1. Почитување на Деловникот за работа на Конгресот
2. Промовирање на Македонска Национална Политика за 10/10 ресурси
3. Стратегија за помош на Македонските бебиња.
4. Промовирање на автентична Македонска политика а не вазалска политика
5. Вадење на политиката од тајните канали на мирц назад во Конгресот и политичките партии и нејзино водење на домакински и транспарентен начин.

За овие 5 темели на политичката платформа на Републиканската партија ќе се стремиме да најдеме поддржувачи меѓу граѓаните како и од страна на неутралните и опозициските партии.

Републиканската партија ги известува нејзините членови дека се очекуваат манипулации од владеачките партии во периодот кој претстои се со цел Републиканската партија да згасне а тие повторно да останат сами на политичката сцена. Сакаме да им порачаме дека тоа нема да се случи и дека партијата во периодот кој следи поактивно ќе ја промовира својата политичка платформа и ќе се нуди како алтернатива со своите про-македонски идеи и политики на владеачките партии.


СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш Smekerot





За оние родени од старамајка што сакаат да стават шаут

Партиите и изборите [Smekerot]
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-smekerot-lt-lt-1-1962602/1/20