>>До кога ќе ве лажат комунистите<< [Smekerot]

Day 2,217, 16:09 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Дури 262 дена немам напишано статија и да ви кажам право ми недостасувавте целиот тој период. Имав планови да пишувам како хуманитарците ќе ја растурат виртуелнава Македонија ама поради лични обврски немав многу време и така ... сега Македонија го допира дното. Никогаш не сме биле послаби.

Порано имаше спротивставени табори, играчите се делеа по начинот на размислување и тоа го зголемуваше напредокот на земјата во секоја смисла. Активноста беше пресудна за да останеш во тек со збиднувањата, да наоѓаш грешки во политиката на виртуелниот домашен непријател, да предлагаш твои идеи, да бараш поддржувачи и заедно да ги реализирате идеите. Тоа е и суштината на секоја политика. Но тука секогаш се комунистите на кои ако им дозволите премногу ќе ви ја уништат државата и традицијата и ќе ви наметнат нивна празна, популистичка идеологија која не нуди напредок туку само тонење.

Комунистите ја изгубија првата битка со нас. Почнаа еден по еден да се откажуваат од политиката и Македонија почна да креира своја самостојна надворешна политика и да се дистанцира од вазалската политика на нејзините тутори. Но комунистите се вратија назад, овојпат преправени во хуманитарци. Го наметнаа хуманитарството како идеологија преку бесплатните поделби на оружје и храна. Немаше повеќе напредок. Имаше мулташи кои ке поделеа тенкови и храна од мултање и ќе добиеја приврзаници кои ги следеа. Се изгуби натпреварот помеѓу играчите. секој на секого му стана брат. Се изгуби разликата помеѓу левите и десните. Сите станаа едно. Рамноправни и контролирани од маскираните комунисти. Беше потребно само да се вклучиш на играта, да одработиш, некој ќе ти прати тенкови и храна затоа што си во неговата единица или партија, ќе се испукаш и ќе се исклучиш.



Оваа хуманитарна комунистичка стратегија е позната во реалниот живот како Дедо Мраз (Дед Мороз - руски). Ликот на Дедо Мраз е измислен од Ленин за да се намали влијанието на Црквата кај населението. Во христијанската религија постојат светци и празници кои имаат големо значење кај народот. Така например Св. Никола кај католиците е познат по тоа што ги помагал сиромашните, им давал пари и подароци и затоа народот го славел. Кај православните Св. Василиј е светецот кој ги помагал сиромашните со пари и храна па затоа и Македонците го славеле. Доколку ја погледнете Македонската култура и традиција, Македонската народна песна, вие никаде нема да најдете ништо за Дедо Мраз туку ќе најдете многу Василичарски (Св.Василиј) песни, Коледарски песни. Македонија нема песни за новогодишната елка, бидејки такво нешто не постоело во Македонија, туку има Божиќни песни, најмногу од нив уште од времето на Византија.

Ленин со помош на Дедо Мраз сакал да ги забрани Коледарите и Василичарите. Наместо Коледе и Василица да се слави нова година. Тој ги ангажирал синдикатите на големите комунистички компании да делат бесплатни новогодишни паќетчиња на децата на сите вработени за да ги намалат социјалните тензии за време на Божиќните празници. Овој трик му успеал на Ленин и како зараза се проширил и во СФР Југославија, а со тоа и во СР Македонија. Ние како Македонци и до ден денес неможеме да излеземе од големата комунистичка манипулација на Ленин и да се вратиме на нашата традиција за Коледе и Василица. Нашите комшии во Бугарија уште во 1990 година Дедо Мраз го преименуваа во Дедо Коледе, а Хрватите го преименуваа во Дедо Божичњак. Балтичките земји како Естонија, латвија, Литванија ... по излегувањето од СССР го заборавија Дедо Мраз и му се вратија на Дедо Божиќ.



Стратегијата на Ленин не остана незабележана и од капиталистичките компании предводници на глобализацијата, која е само уште една форма на комунизам. Па така од компанијата Кока Кола го измислија ликот Санта Клаус кој дели подароци на децата. Овој лик Санта Клаус дели подароци секој ден додека траат новогодишните и Божиќните празници и има за цел да ја зголеми потрошувачката на производи во Америка. Неговите создавачи го создале да си го зголемат профитот во нивните компании, значи од лукративни причини.

И Лениновиот Дедо Мраз и Америчкиот Санта Клаус се пропаганда и манипулација која нема едукативно значење туку има политичка или лукративна корист. Македонија и сите други вистински земји треба да одат по вистинскиот пат и да ги слават светците Никола и Василиј како и Божиќните празници бидејки позади секој светец стои едукативна приказна која ќе им помогне на младите да ја разберат смислата на животот и да не бидат манипулирани од комунистите и глобалистите.

Поуката која треба да ја извлечеме од овој текст е дека неможеме генералната политика на државата да ја темелиме врз хуманитарство туку хуманитарството да биде една благородна особина на појаките за помош на послабите.





За сите родени од Старамајка што сакаат да стават шаут:

До кога ќе ве лажат комунистите [Smekerot]
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-smekerot-1-2352694/1/20