>>САГЛАМ плукање по власта и два три реда за Индија<<

Day 1,620, 12:44 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Поминаа 2 претседателски мандата откако Републиканската Партија реши да им даде поголем простор на нашите најголеми тенкови Aexil Kong и Skymex да си ги истераат слободно мандатите без никакви опозициски сплеткарења и интриги. Речено сторено. Резултат после 2 месеци е тоа што Републиканската Партија од партија со најголем број конгресмени во Македонија стана партија со најмал број на конгресмени, а партиите кои застанаа зад кандидатурите на поранешните претседатели злоупотребувајќи ги нивните авторитети на тенкови влегоа во ТОП 5 партии и освоија повеќе конгресмени од Републиканската партија. Признавам дека тоа е легитимна политичка победа со легитимни но ГЕЈСКИ методи.

Со што се карактеризираа мандатите на нашите најголеми тенкови Aexil Kong и Skymex изминатите 2 месеци? Првите две работи што ми паѓаат на памет е тоа дека Aexil сам си го играше профилот а профилот на Skymex го играа Strumjanin и Kanopy. Ако ги споредиме двата мандати слободно можеме да кажеме дека Aexil имаше далеку поуспешен мандат од Strumjanin и Kanopy заедно.

Доколку си го поставиме прашањето: Зошто мандатот на Aexil беше подобар од мандатот на Strumjanin и Kanopy, одговорот можеме многу лесно да го добиеме следејки ги нивните статии но и активностите кои ги преземаа. Ќе ви кажам само неколку примери преку кои ке можете да видите дека тоа навистина е така.

Мандатот на Aexil не беше освојувачки. Ние од Републиканската партија не се согласувавме со таквата политика бидејки во тоа време многу, ама претерано многу, пукавме за сојузниците а многу малку за нас. Можам да кажам дека со наша помош србите имаа многу ресурси а ние си бевме само на оригиналните територии. Јас тоа и го напишав во статија на крајот од неговиот мандат. Но имаше нешто друго. Поголемиот дел од играчите велеа дека играта после долго време станала интересна. Доагаа на каналите, се дружеа, пукаа, правеа стратегии, коментираа на статии ... се на се беше интересно иако политички бевме надмудрени од србите.

Мандатот на Strumjanin и Kanopy беше лечење на фрустрации и себепронаоѓање. На почетокот додека уште сите ги држеше расположението од претходниот мандат имаше некаква еуфорија и играта беше добра. Подоцна откако ги зедоа конците во свои раце се крена наопаку. Пак се почна со навредувањето на останатите кои не мислат како што мисли власта (коментари по статии кои за жал Армакедонци не ги казнуваа со FP поени) дури имаше и колективно навредување на целиот Македонски народ дека сме глупи и неспособни па такви фрази стоеја со денови на профилот на Strumjanin. Му ја уништија аурата на Voix of Macedonia затоа што играчите почнаа да го сакаат се повеќе и повеќе поради неговите мотивирачки статии (мора да си признаеме дека тој беше еден од главните мотори во мандатот на Aexil). Излегуваа чудни статии за формирање на некаков Синдикат 🙂 па имаше избор на рамка за Македонските војници (ние ја поддржуваме идејата за избор на таква рамка) организиран од Kanopy на кој победи единствената рамка предложена од Kanopy и за која тој доби 10 злато кое под притисок на мајтапењето од играчите за карикатурата од рамка, односно за креативноста на Kanopy тој реши тие 10 злато да ги донира (тоа го прочитав синоќа у нечијшаут и се надевам дека е точно). Во последно време од профилот на Skymex почнаа да се тенкаат тешки милиони во сите можни и неможни битки. Барем да не известеа кој од нив двајцата толку пари троши на играва за да му честитаме 🙂 Многу комични ситуации од кои најкомична ми беше статијата на Strumjanin ПОЧЕСНИОТ КРУГ од која може да се види неговата конфузија. Тој во статијата вели дека:

1. Ќе ја напушти играта (имаше и една друга статија во која го вети тоа но се предомисли, но тој и така е познат по многуте предомислувања)
2. Цитирам „Ќе и помагам на еМакедонија и мојот народ како знам и умеам, но НЕ со политика.“ (нели ќе ја напуштеше играта? Како ќе помага а воедно и ќе ја напушти играта?)
3. Се кандидираше за конгресмен (Вели дека ќе ја напушти играта, вели дека нема да се занимава со политика а воедно се кандидира за конгресмен)
4. Зошто кога јас ќе ставам во моја статија слика од Моника Белучи кога таа е бремена за да симболизирам бејби бум тоа е порнографија и статијата ми ја бришат за 10 секунди, а кога тој употребува болдирани и потцртани вулгарни зборови Армакедонци не му ја бришат статијата?

Ќе почекаме уште малку за да се избрукаат до крај па да ја правиме играта интересна како што беше порано 😉



Во меѓувреме јас од внатрешна политика се префрлив во надворешна. Му го отстапив командното место во единицата Тигри на TRTE T, се откажав да гонам уште еден конгресменски мандат и отидов да барам работа у Министерството за надворешни. Сега сум Амбасадор у Индија. Немојте да се плашите дека ќе направам проблеми во односите помеѓу Македонија и Индија бидејки такви односи не постојат, сеуште, а Индија е ЕДЕН земја 😉 Почнав да гледам индиски серии и спремен сум да влезам во филм на Манав, Дарамраџ или Бандини (Малечката невеста не ми е филм).

Ако ме прашате зошто баш Индија тогаш има барем 4 одговори на тоа прашање. Првиот е бидејки сум бугарофил или барем има некои момци што ме сметаат за бугарофил затоа што на Радиото сум ги интервјуирал Бугарските мисици, а знаеме дека Индија и Бугарија се братски земји па на тој начин сакам да не зближам со Бугарија. Вториот одговор е поради мојата статија за 10/10 ресурси за Македонија и Бугарија и Индија, третиот одговор е заради тоа што Индија ме потсетува (уствари не ме потсетува туку е иста) на Македонија пред 2 години и четвртиот одговор е затоа што на последните конгресменски избори добив само 8 гласа со кои само во Индија можам да станам конгресмен 🙂 Во следните денови ќе ви досадувам со статии за Индија и надворешната политика на Македонија. Не е ни во Министерството за надворешни идеално штом за шеф имаш Армакедонец, но мора да се бараат начини играта да ни биде поинтересна и подинамична а без за тоа да ги окривуваме и пцуваме останатите.

На крај да не заборавам во лузерското друштво на Strumjanin и Kanopy да го приклучам и Persej Makedonski кој успеа за само една недела (со неговите детинести тези и политики) како претседател да ја однесе партијата VMRO-DPMNE надвор од ТОП5 партии и да не учествува на конгресменските избори. Таа беше можеби и единствената пријателска партија на Републиканската но сеа за жал е надвор од игра.

А тоа дека Strumjanin дошол како политичар и сакал да си замине како политичар е уште една негова манипулација. Тоа можете да го видите од коментарот на една негова другарка со која тој ја започна играва во една единица која се вика Армакедон. Тој дојде како изгубен а ќе си отиде како непронајден, недокажан и несфатен 🙂 Му посакуваме се најдобро 🙂




P.S. Очекувам многу коментари од Индијци бидејки целиот Индиски државен врв е алармиран и на готовс поради мојот интерес за нивната земја. Ќе ми биде забавно во следниот период 🙂


СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш Smekerot


За тие родени од старамајка што сакаат да стават шаут:

САГЛАМ плукање по власта и два три реда за Индија
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-1-2021757/1/20