>>ОТЧЕТ за БУЏЕТОТ (парите од државјанствата) на Конгресот [Kongres]<<

Day 1,494, 10:16 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Заминува мојот мандат како претседател на Конгресот и како што е ред и должност на секој еден носител на јавна функција да даде ОТЧЕТ за сопственото работење пред граѓаните односно гласачите така и јас во оваа статија пред се ќе го дадам одговорот на едно клучно прашање: КАКО СЕ ПОТРОШИЈА ПАРИТЕ СОБРАНИ ОД НАПЛАТУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ ДРЖАВЈАНСТВA НА ШВЕРЦЕРИТЕ ШТО ЈА УНИШТУВААТ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?

Статијата ќе ја поделам на 2 дела:
1. Економско технички дел
2. Политички дел + хронологија на настаните


ЕКОНОМСКО ТЕХНИЧКИ ДЕЛ

Конгресот во овој состав од наплатување на државјанства исклучиво на шверцери оствари приход од 141.000 мкд. Тие пари Конгресот ги донираше за македонските бебиња со цел да се зголеми бројноста на македонските играчи бидејки граѓаните на една земја се најдобриот ресурс кој гарантира силна економија и голема империја.

Наплаќањето на ТАКСА од ШВЕРЦЕРИТЕ можете да го проверите ОВДЕ
Донирањето на тие пари за потребите на бебињата можете да го проверите ОВДЕ
Отчет за работата на El Che G како командант на BABY SQUAD задолжен за донациите за бебињата можете да прочитате ОВДЕ, а секојдневното работење на волонтерите во BABY SQUAD кои ги помагаат бебињата можете да најдете во истиот документ движејки се по табовите долу во зависност за која регимента сакате да проверите. Дали за Регимента 1, Регимента 2, Регимента 3, Регимента 4, Регимента 5.

Мислам дека табелите се доста прегледни и секој може да ги разбере. Доколку некој сепак има потешкотии во разбирањето на табелите нека пише во коментар а јас ќе се потрудам да му дообјаснам. Со ова сакам да ставам крај на шпекулациите колку пари се земале од такса на шверцерите и каде се потрошени истите.






ПОЛИТИЧКИ ДЕЛ + хронологија на настаните

Од погоре напишаното секој може да види дека Конгресот од шверцерите собрал 141.000 мкд и сите ги потрошил за купување на храна и оружје Made in Macedonia и ги донирал на El Che G кој е задолжен да ја води единицата на бебињата BABY SQUAD. Табелите кои ги има погоре како до сега така и од сега можете да ги најдете 24/7 во топик на официјалниот канал на Конгресот на Македонија #eMKD.Kongres.

Колку за илустрација на заинтересираните граѓани да можат да си претстават колкав бил буџетот на Конгресот во споредба со буџетот на Владата за 30 дена додека им трае мандатот на двете институции погледнете ги следните слики






Според прикажаните графици ќе забележите дека БУЏЕТОТ НА КОНГРЕСОТ Е 21 ПАТ ПОМАЛ ОД БУЏЕТОТ НА ВЛАДАТА. Односно Владата за 36 часа троши толку пари колку што овој Конгрес потрошил за целиот свој мандат од 30 дена.


Се надевам дека сега сите граѓани знаат и се свесни колку пари собрал Конгресот од државјанства, на најтранспарентен начин тие пари стоеја на увид на граѓаните 24/7 на конгресменскиот канал и ќе продолжат да стојат таму се додека се подели и последното лепче на македонските бебиња, на македонската надеж.

Знам дека шверцерите кренаа голема фама и ги изманипулираа македонските граѓани дека Конгресот наплатува државјанства на сите само за да си ги заштитат своите интереси. Но тоа не е точно. Овој Конгрес на најтранспарентен начин наплатуваше такса само на шверцерите кои ја уништуваат македонската економија а на сите останати категории граѓани им беше одобрувано бесплатно државјанство.

Но што е тука е. Политиката за казнување на шверцерите беше моја идеја со која сакав да го заштитам курсот на денарот и златото да стане поефтино за да можеме сите да тренираме со бустери. Шверцерите одмагаа во тоа и ја попречуваа работата на Конгресот на многу начини. Низ примери ќе ви објаснам неколку од нив

На почетокот од воведувањето на такса за шверцерите почна анархично однесување на поедини оператори на #eMKD и тие прекршувајки го правилникот на каналот почнаа да ги банираат сите конгресмени. Анархијата ја сопре Fricke кој иако не се согласуваше со овој закон сепак постапи демократски и според Правилникот на каналот воведе ред и функционирање на правото. Го стави каналот за доделување на државјанства во топикна #eMKD иако имаше голем отпор од анархистите со операторски статус. Не дека Fricke е фин дечко, далеку од тоа, и тој постојано ме прозиваше на #eMKD и по шаути за демек нетранспарентното работење со буџетот на Конгресот иако за се беше информиран и знаеше дека не фали ни денар од парите за државјанства сепак ги поддржуваше троловите. Но како и да е според мене си остана достоен на функцијата оператор на #eMKD и јас го почитувам поради тоа.



Многу од вас ме прашуваа зошто во формуларот за државјанства стои прашањето „Што мислите за Goxyto?“. Сеа ќе ви одговорам. Во времето кога анархистите се спротивставуваа на законот на Конгресот почнаа некои деца да им се упикуваат на анархистите со тоа кој поголема глупост ќе каже за Smekerot и со тоа да заслужат voice или OP на #eMKD. Тие деца ми беа симпатични и тогаш а и сега сеуште ми се симпатични бидејки се проактивни и по цел ден се на играва, но некогаш навистина знаат да претераат. Овој дечко направил скрипта со која на секои 5 секунди автоматски се пополнуваше по еден формулар за државјанство и ми направи толкав спам во ексел табелата па ми требаше долго време да го исчистам хахахахха .... па затоа си реков дека ќе пробам да му помогнам на дечкото да стане популарен и го вметнав во формуларот за државјанство за да видам што мислат апликантите за него 🙂



Имаше случаеви кога апликантите за државјанство манипулираа или им се закануваа на одредени конгресмени за да им дадат бесплатно државјанство иако тие спаѓаа во групата шверцери на кои треба да им се наплати државјанството. Во Конгресот имаше конгресмени средношколци со по 14-15 години кои со обични ветувања дека ќе бидат министри во нечија влада или дека партијата ќе ги поддржи за иден мандат или со закани дека ќе бидат избркани од партијата или од единицата одобруваа државјанства на своја рака иако Конгресот одлучил да не се одобрува државјанство на тоа лице или Конгресот воопшто немал став за одредено државјанство. Примери за таква манипулација на помлади конгресмени има многу па затоа би издвоил неколку






Ако ги одземеме притисоците на шверцерите врз малолетните конгресмени имаше и еден друг вид на злоупотреба на конгресменската позиција. Тоа се случаите кога демек конгресменот го почитува законот ама лаже дека некој не е шверцер за да му се одобри бесплатно државјанство. Еве еден случај каде сегашниот министер за одбрана DarkoDimovski1 го лаже Конгресот дека војниците од неговата единица работат во q3 пекара само за да му се одобри бесплатно државјанство на класичен шверцер.




Сепак конгресмените се бираат од граѓаните а не од мене како претседател на Конгресот па затоа јас неможам да одговарам за нивните постапки. Но освен овие и сличните вакви пропусти според правилникот на Конгресот се одобрија 147 државјанства од кои 54 бесплатни а 93 платени. Од платените поголемиот дел се странци а помал дел македонци. Но најважно е дека парите од сите нив отидоа кај македонските бебиња кај македонската надеж.

И покрај опструкциите од страна на шверцерите сепак една група на конгресмени до крај го спроведуваше Правилникот за државјанства што Конгресот го изгласа. Оваа прилика ја користам да ги поздравам и да им се заблагодарам на Maya The Bee, NesumToj, Filipi, Don Tas, Aminta Makedonecot, United Macedonia, Krvnikot, Icko na Dafinka, bazosifra, Nikola Gruevski Makedonecot, ToxicMKD, Zovani (ако некој сум заборавил му се извинувам нека ми пише и ќе го додадам). Иако некои од нив можеби не се согласувале комплетно со законот сепак го почитуваа истиот и не дозволуваа анархијата да завладее со Конгресот. Ми беше чест со сите нив во минатите 30 дена да разменам 642 ingame пораки, односно повеќе од 20 пораки дневно што докажува дека Конгресот работел активно и имало задоволителна комуникација помеѓу конгресмените надвор од официјалните канали #eMKD.Kongres и #Kongres.Drzavjanstva



Приликата ја користам и да им се заблагодарам на моите гласачи од Источна Македонија кои ми помогнаа да го добијам овој мандат и да воведам нови стандарди во еМакедонската политика.



СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Искрено Ваш
Smekerot


За родените од старамајка што сакаат да стават shout

ОТЧЕТ за БУЏЕТОТ (парите од државјанствата) на Конгресот [Kongres]
http://www.erepublik.com/en/article/-kongres-1-1930884/1/20