>>Федерација помеѓу Македонија и Бугарија за 10/10 ресурси<<

Day 1,613, 14:31 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Во минатото Македонските револуционери и политичари во зависност во кој период од историјата биле активни во политиката се делеле на неколку групи:
1. Македонци кои сакале автономна Македонија како дел од Отоманската империја
2. Македонци кои сакале автономна Македонија како дел од Бугарија
3. Македонци кои сакале автономна Македонија како дел од Србија односно СХС
4. Македонци кои сакале автономна Македонија како дел од Грција
5. Македонци кои сакале Социјалистичка Република Македонија како дел од СФРЈ
6. Македонци кои сакале независна и самостојна Македонија.
7. Македонци кои сакале разоразни федерации, унии, партнерства со соседните земји.

Најголем дел од Македонските револуционери, политичари односно интелектуалци на крајот на 19-ти век и почетокот на 20-ти век твореле, работеле, дејствувале во Пиринска Македонија односно денешна Република Бугарија. Тие Македонски револуционери се додека воделе политики кои се балансирани и за интересите на Македонија и за интересите на Бугарија останувале на власт подолго време. Кога нивните политики почнувале да ги фаворизираат интересите на Македонија тие бивале убиени од Бугарите, но кога нивните политики почнувале да ги фаворизираат интересите на Бугарија тие бивале убиени од Македонците.

Балансот на политиките кои ги водел Тодор Александров успеал да го направи политичка и воена фигура од која се плашеле и Бугарскиот и Српскиот двор но и Македонското население (Македонските и Бугарските комунисти сеуште се плашат од него иако е мртов веќе 100 години). Тодор Александров како претседател на ВМРО под своја команда имал околу 150.000 војници според тогашниот New York Times.

Денес додека ја читав книгата на д-р Зоран Тодоровски „Id Ego Sum“ се запрашав доколку Тодор Александров сега беше жив и играше еРепублик кој потег ќе го направеше и ќе ја постигнеше целта на оваа on-line игра за Македонците и Бугарите да имаат 10/10 ресурси?!? Ја отворив мапата на светот и погледнав која земја на својата и околу својата територија има најголем број на ресурси и открив дека тоа е Индија. Тоа можете да го погледнете од следниве примери:

1. Aluminium - North West Frontier Province
2. Cattle - Northern Indiа,Uttar Pradesh,Madhya Pradesh,Jharkhand,West Bengal,Bihar
3. Fish - Orisa, Maharashra
4. Fruits - Sindh
5. Grain - Punjab
6. Iron - Balochistan
7. Oil - Sistan and Baluchistan
8. Rubber - Karnataka, Chhattisgarh
9. Saltpeter - Rajasthan, Gujarat
10. Deer - Black Sea Coast of Turkey 🙂

Но и Тодор Александров нема да биде фраер како што бил на времето ако не се зар`чка со клетото турче па затоа сум сигурен дека по десетиот ресурс Елени ќе оди да си го земе од Турција.

Значи за тие што сеуште не сфатија предлагам акција координирана од министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија за ПТО на Индија. Индија ќе биде федерација на Македонија и Бугарија и можност овие две земји заеднички да дојдат до 10/10 ресурси.

Планот е следен: Грција е поразена и оставена на неколку ресурси, следните неколку денови и помагаме на Бугарија да ја донесе и Турција на неколку ресурси. Основаме политичка партија во Индија или потплатуваме претседател на партија индиец да ни ја отстапи неговата партија. Партијата ја именуваме ВМРО. Министерствата за надворешни работи почнуваат да организираат преселби на Бугари и Македонци во Индија за претстојните конгресменски избори на 25-ти Април. Доколку ги погледнете гласањата во Индија ќе забележите дека на последните 5-6 избри гласале од 150-250 гласачи. Конгресмен на Индија станувате со 3 гласа а претседател на Индија се станува со 100 гласа. Македонија и Бугарија за ПТО ќе треба да пренесат околу 300 играчи (за кои мислам дека нема да биде проблем тоа да се направи) и да имаат контрола врз Конгресот и да изберат свој претседател на Индија. Во меѓувреме додека траат овие политички превирања во Индија ние воено и помагаме на Бугарија да ја понижи Турција и да ја остави на малку ресурси. Откако тие битки ке финишираат на 05-ти Мај партијата ВМРО во Индија ќе има свој претседател на државата кој Индија ќе је претвори во ОНЕ земја и во следниот период ќе проба да и донесе 10/10 ресурси.

НАПОМЕНА: Планот би бил успешен единствено доколку на чело на Индија дојде некој што ќе може да води успешна заедничка Македонско -Бугарска политика и ќе им овозможи на Македонците и Бугарите можност за 10/10 ресурси. Ова неможе да го изработи ниту Бугарски ниту Макеодонски националист кој живее со убедувањата дека Македонците се Бугари или дека Бугарите се Татари. Овој план треба да биде предизвик за бистар ум и вистински патриот како војводата на ВМРО Тодор Александров. 100% сум сигурен дека овој план би бил успешен единствено доколку зад него застанат државите Македонија и Бугарија. Секоја друга авантура од ПТО на Македонски и Бугарски Воени Единици врз Индија сум сигурен дека нема да биде успешна. Со поддршката на државите и владите на Македонија и Бугарија на овој план ќе значи дека тие ќе лобираат и во ОНЕ за своето чедо Индија.

Мислам дека не само да беше жив Тодор Александров ќе се согласеше за овој план туку и Александар Македонски ќе сакаше да ја види Индија повторно под своја власт 🙂

Најголем предизвик при реализацијата на овој план би била Кина како прв сосед на Индија. Но да беше лесен планот сигурно немаше да има потреба од воскреснување на Тодор Александров и Александар Македонски како и координирана политика на Македонија и Бугарија и замрсени надворешно политички односи како и можност за продлабочување на односите помеѓу двете земји и заедничко организирање на мис Индија за чиј претседател на жирито се самоназначувам ЈАС 😉


СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш Smekerot




За сите оние родени од старамајка што сакаат да стават шаут:

Федерација помеѓу Македонија и Бугарија за 10/10 ресурси
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-10-10-lt-lt--2012997/1/20