Како до повеќе чоколади [Green Astronaut]

Day 2,696, 20:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Green Astronaut

Како што кажува насловот, статијава е наменета за тоа како да стигнете до повеќе престиж поени, а со тоа до повеќе чоколади преку неделниот турнир.



Голем број од Вас веќе знаат и си имаат направено пресметка ама еве за тие што до сега не направиле некоја математика, ќе го пишам мојот пример:



Прво мора да имате Power Pack заради тоа што дава + 20 енергија / 6 минути.



На почеток на недела, во вторник сабалје во првата епска фрлам 250 чоколади за да стигнам до 5000 престиж поени (пп) и така земам две награди по + 10 енергија едната што е на 500 пп и другата на 5000 пп и почнувам недела со 50 енергија / 6 минути.

Цела недела пукам само фф освен кога има македонска епска тогаш фрлам и дополнителни чоколади. И битно е да пукате само во епски и да не ви пропаѓа фф. Само со фф пукање во епски вака стигате околу 27000 престиж поени или тоа Ви се 440 чоколади, или минус оние 250 што сум ги фрлил на почеток на недела во плус сум 190 чоколади секоја недела и кревам по 3 левели неделно.



Е сега влијаат многу фактори за да завршите недела со повеќе чоколади.

Треба да имате големо ФФ јас имам 466 моментално за ако нема епска да се чувам па да испукам.

После тоа треба да пратите по цел ден и да чекате епски јас тоа го правам и кога сум излезем пошто имам 4G нет на мобилен 9 гига месечно и немам проблем пукам кај и да сум. 🙂 Или да имате епска скрипта да оставите пи-си, лаптоп вклучен па нека пука таа за Вас, јас не пукам со епска скрипта.

Некогаш се дешава и подолго време во денот да нема епска, али како и да е јас ова го правам два месеци од кога воведоа дупло поени во епски битки скоро седум-осум недели по ред и никогаш не сум бил во минус со чоколади, можеби некогаш на крај на недела сум бил само + 20 до 30 чоколади али во + никогаш во -.

Добро е ова што колективно ако го практикуваме многу мина ќе се полнат со повеќе енергија на 6 минути и ќе ја зголемиме штетата што ја правиме како е-држава башка ќе имаме и вишок штета да помагаме на сојузници а и да привлечеме нови.

Тоа е мојот пример, малку е напорно али јас брзам да стигнам до 200 левел после ќе одмарам. 🙂 Нека си направи секој од Вас пак математика ако Ви е исплатливо пробајте некоја недела испукајте.

Ако има некој што има други пресметки нека ги сподели во коментар па да видиме кој модел е најдобар да го практикуваме со цел што повеќе наши играчи да земат повеќе чоколади.




Далеку некаде од универзумот искрено ваш

Green Astronaut