Обединување преку слога, слога преку Goodbeer! [Drashhh_III_Makedonski]

Day 2,239, 17:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski

Добра ви вечер еМакедонци!

Како прво да ви ги честитам Новогодишниве и Божиќниве празници и да ви посакам многу среќа, успех, љубов во новата 2014 година.

Како што повеќето од вас знаете, многу одамна се пензионирав од играва. Но, денес откако ја прочитав новата инспиритивна статија од НБРМ од страна на новиот ни наш еПретседател, се случи чудо. Како некоја виша сила, тешко е да се објасни со зборови... ме натера да се вратам и да го подржам претседателот ни кој јавно побара сите да бидаме сложни како никогаш досега, да ги тргнаме сите несогласувања на страна и да покажеме што значи да се биде еМакедонец!

Јас како воен ветеран, бивши претседател, министер, генерал, командир, гувернер, пратеник, сум достапен да помогнам со моето искуство на било каков начин ќе побара претседателов од мене. Достапен сум во рамките на моите можности да придонесам што повеќе да се оствари новата визија на сегашниов претседател. Редно време беше, некој со врвни квалитети како сегашниов претседател да дојде на власт и да ни ја среди еДржавава, да не среди нас еМакедонциве како заеднца во овај еСвет.

Како што се огласи дека финансиската состојба во еЗемјава не е баш во најдобра ситуација, јас како добар еМакедонец, како воен ветеран, бивши претседник, генерал, командир, гувернер и пратеник, решив да дадам пример на сите еМакедонци со донација кон новиот еПретседател за да му тргни мандатов. Но, нажалост донацијта ми беше одбиена од непознати причини.



Како и да е, јас не престанувам тука. Тој и понатака ја има мојата целосна подршка за време на неговиот мандат. Како што ве повика претседателот претходно, еМакедонци, мои еБраќа, немаме многу шанси но сепак, сепак само едно ни останува да си дадеме сите еВетување дека патриотски, сите патриотски последни да паднеме на бојново поле. Не се битни еПариве, не е битна еПолитикава, не се битни еРесурсиве, најбитно е тоа, сите сложно, еднаш засекогаш да се обединиме како еНарод, како еМакедонци, под водство на сегашниов претседател да ја кренаме нанозе оваа наша еТатковина. Да ја вратеме по истите патеки од пред неколку години кога бевме империја, кога и државниот врх не беше на ниво како сега во овој мандат, сега имаме уште поголема можност да се докажеме кои сме ние еМакедонциве!

За голема еМакедонија! За обединување! Сложно за еМакедонија, до последна капка крв!


Да живее еМакедонија!
Обединување преку слога, слога преку Goodbeer!
Хаил!