Трето претседателско обраќање[goLdeNReborn II ]

Day 5,556, 04:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро Македонски народе,

Во претходната статија , пишував на тема Економија. Во оваа статија ќе зборам за проект за користење на државните средства во унапредување на еМакедонската Армија.

Во играва постојат два воени модула и тоа Авио и Земја(понатаму Граунд/Ground).

Граунд модулот е само за постари играчи, или играчи со купени ново-стари акаунти кои имаат добра сила(strength). Поради оваа причина, новите играчи немаат учинок кога пукаат во граунд дивизиите, па затоа админите пред неколку години воведоа и авио модул.

Авио модулот е наменет за сите играчи без разлика на силата. Во овој модул е важен само авио рангот. Поради оваа причина, доколку сте нов играч, или немате доволно сила, фокусирајте се на унапредување на вашиот авио ранг, со цел да допринесете повеќе во војните.



Стартувајќи од Вторник, ден 5,558, воведуваме државна помош за сите играчи во зависност од нивната определба(Авио или граунд)

Секој играч, кој ќе сака да добие помош, потребно е да пополни формулар, кој ќе биде објавен во вторник наутро на државниот ѕид и ќе трае 24 часа. Во согласност со РЛ обврските, средствата ќе се поделат во текот на неделата од страна на Министерот за внатрешни работи.

Во формуларот треба да внесете:
- Линк од вашиот профил;
- Да изберете дали сакате тенкови(доколку исполнувате услови) или пари;
- Доколку изберете пари, да наведете колку убиства сте имале претходната недела(https://prnt.sc/1vMIMOD-h53j)

Кои се услови за добивање на државна помош?

1. Ошти услови:
- Македонско државјанство;
- Почитување наредби на државен ѕид;

2. За тенкови:
- За да добиете тенкови треба да имате најмалку 330.000 сила;
- Тенкови не следуваат на играчи со ранг Легенда 20;
- На неделно ниво следуваат по 300 тенкови.

3. За пари:
- Играчите со помал ранг од Air Commodore добиваат 4 денари по убиство;
- Играчите со поголем ранг од Air Commodore добиваат 2 денари по убиство;
- Максимално на неделно ниво можете да земете 20.000 денари.



Поради тоа што имаме ограничени средства кои можеме да ги користиме месечно(околу 4-6 милиони денари), би ги замолил постарите играчи кои што можат добро да се самофинансираат да не аплицираат за државна помош. Државната помош е наменета за нови играчи и помагање на послаби играчи.

Во исто време, доколку има некој кој сака да помогне со продажба на поевтини тенкови од маркет/или донации за проектот, може да ме контактира во приватна порака.

На крајот од статијата сакам да нагласам дека секој кој нема да почитува наредби(саботажа на тренинг војни, пукање против сојузници, крадење медали од наши играчи или сојузници), ќе биде трајно исклучен од програмата за воена помош.

За дополнителна помош/инструкции/совет/дружба, влезете на Телеграм каналот на еМакедонија. На телеграм секогаш се објавува кога има епик, или војна во најава.
https://t.me/+Ve_YHW7GI7cShOoj

Поздрав,
goLdeNReborn II
о/