Претседателско Обраќање[goLdeNReborn]

Day 4,361, 05:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Неколку работи се случија од минатата статија до сега, па ќе ги поделам на неколку дела.

Прво што ми ми паѓа на памет е воздушниот удар над Аргентина, кој што и не требаше да се случи. Откако двајца конгресмени на своја рака го изгласаа воздушниот удар, моравме да најдеме добра дестинација. Избравме тоа да биде во Нигериските региони, поради тоа што во тој момент беше место со најмалце непријатели. Откако слетавме, веднаш бевме нападнати од Турција, а Хрватите пуштија воздушен удар над нас. После долго планирање, бевме надиграни и моравме да се избришеме сами од мапата за да им пропадне воздушниот удар. Со овој потег ја изгубивме тренинг војната во Латвија и сите тренинг војни на одреден период.





Поради тоа што моравме да се избришеме самите, договорено беше со Бугарите да ја земат Источна Македонија. Откако пропадна воздушниот удар на Хрватите, веднаш се ослободивме и пуштивме закони за да ја земеме иницијативата врз Хрватите и Чиле, а Португалија ни објави војна за да ни предаде иницијатива и да се вратиме во бугарските територии. Меѓутоа Хрватите успеаа да се отсечат и да пуштат закон при што тие имаа иницијатива над нас, а Португалците заборавија да го изгласаат нивниот закон.

Останавме со една териорија врз која Хрватите имаа иницијатива. Поради тоа не ни остана друга опција освен диктатура. Според механиките на играта кога ќе се крене диктатура, сите други напади се ставени на чекање, па така Хрватскиот напад беше ставен на чекање врз нашиот последен регион. Веднаш пуштив закон над Португалија за да избегаме во Бугарски територии. Меѓутоа имавме предизвик, битката за диктатурата да трае повеќе од 24часа, кој што го завршивме одлично. Успеавме да ја пролонгираме диктаторската битка и повеќе од поставената цел и со тоа успеавме да нападнеме во Бугарија. Во моментов се водат битки за отсекување со Хрватите, кои што се под контрола.

Следно ни останува да се пробиеме до Романските или Српските територии за да најдеме регион кој што ќе ни служи како база и воедно да отвориме некоја тренинг војна.



Трошоците месецов се доста големи. Мораше да се пуштаат многу закони за објава на војна кои што чинат околу 250голд(секој закон има различна вредност). На неколку пати се плаќаше КО на Македонци во нашите војни и беа платени неколку тактички неуспешни востанија. Целиот извештај го има на сликава:

Околу 800к се потршени само на закони за објава на војна кои што можете да ги проверите на страната за администрација.1м денари беа потрошени и за ставање на диктатура. За сега диктатурата ќе остане поради неколку причини:
1) Дава можност за прифаќање на 30 државјанства, кои доколку даде турнири ќе се искористат од страна на тенковите за бонус штета од бустерите.
2) Дава можност за маневрирање со законите.

Дневните трошоци за одржување на диктатурата ќе ги покривам јас со мои средства до денот кога сметам дека нема потреба повеќе од диктатура!





На воен план, има подобрување последниов месец, неколку нови пакеташи меѓутоа сеуште заостануваме позади топ 5 земјите


клик на сликата ќе ве однесе на страната

Затоа секој кој може нека ги зема трите основни пакети кои што се на промоција еднаш месечно

Power Pack - поголема регенерација, најважен пакет поради можност за собирање многу чоколади неделно!
Blitzkrieg Pack - со него добивате куќа од 2000 енергија што ви дава можност да фаќате повеќе медали одеднаш.
Maverick Pack - можност да менувате дивизии, за бркање лесни медали или епик битки со што собирате чоколади.

За повеќе детали околу пакетите пишете ми приватна порака на играта или на телеграм!




Пред нас се голем број на турнири како и роденденот на еРепублик, па кој има можност нека зема пакети и нека собира што повеќе чоколади и голд.


До следно читање
Диктатор на еМакедонија,
goLdeNReborn