[G.A.Kristijan] Македонија-Што понатаму

Day 1,381, 11:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Grand Admiral Kristijan

Добра вечер македонци и македонки.Македонија се приближува кон едни нови избори кон еден нов крстопат.Во овие моменти македонецот скоро секогаш ги истакнува грешките на предходната влада и се надева дека следната нема да ги повтори.Тоа е македонскиот менталитет.Јас би сакал на сите вас да ви напоменам дека една личност не ја претставува Македонија.Претседателот е точно да е официјален претставник на земјата насекаде во странство но исто така и вие обичните грагани ја претставувате нашата мила и напатена татковина во еСветот. Со секој наш чекор ја претставуваме Македонија и нашиот народ.Кога се иде како шти треба најчест коментар е браво така треба.Се знам со играчи што одат по медали и викаат што можам јас да направам со 25 000 штета за Македонија.Мои драги пријатели кои го викате тоа би сакал да ви кажам дека не сте само 1 личност во играва туку станува збор за многу повеке.Вашата вкупна бројна штета би можеле да ја искористите за да и помогнете на Македонија.

-Внатрешни караници во Македонија
Ова е нешто што се случува во Македонија последниве 7-8 месеца колку што сум на играва и прво нешто што не треба да го правиме.Да ве прашам сите зарем е толку важно кој што направил за Македонија или кој колку украл? Зарем не гледате дека поради овие караници Македонија си има внатрешни проблеми.Или за секој е поважно да искочи дека он е во право.Запомнете многу е лесно да плукате и да давате предлози кога не подложите на одговорност пред никој за тој предлог.Владата на Македонија одговара пред сите вас но исто така како регресија кон лидерите на паравоените единици кои живеат само за тој рефунд.Мислите дека не се брукате самите со себе со вашиот коментар"Mercenary mode on" за што ја играте играва?За да помогнете на Македонија или да лечите РЛ комплекси тука.Правиот македонец со или без помош од државата ке се бори за Македонија а не да оди да дига востанија или да брка БХ медали.Сите ние сме тука за Македонија и да ја видиме силна и непобедлива а се додека се караме за која и да е причина тоа нема да се случи.

-Политиката во Македонија
Една работа е јасна во овој сегмент никој и ништо не е вечно.Почнувајки од партиите па се до личностите.Не е добро само еден човек да кажува што ке е или се само едни да водат.Но за да добиеш функција треба да се докажеш а не да плукаш по статии како ништо не чинело и да сакаш така да добиеш функција. Свесен сум за сите партиски караници за тоа како едни се лопови а другите се подобри,искрено тоа се стандардни работи што се случуваат во политиката особено во РЛ но дајте да не дозволиме тоа да се случува тука.Дајте барем тука онлине да сме обединети и заедно да чекориме кон една цел Голема и силна Македонија-Целта на сите големи македонци.Влезот во политиката а уште повеке влезот во владата носи со себе одговорност ако не сте спремни за неа немојте ниту да ја презимате.
За силна и непобедлива Македонија потребно е не само владата туку и сите македонци да се обединат.Да живее Македонија,да живее нејзиниот народ

Искрено ваш
Grand Admiral Kristijan