Диктаторска [Император Furious Lady]

Day 3,676, 15:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Добра вечер Македонци o/

Најпрво сакам да ви честитам за успешното бришење на Аргентинците, заедно сплотени ја направивме Македонија ИМПЕРИЈА. Уште еднаш им покажавме дека не треба да се задеваат со нас или што би рекле Србите: ”Не дирај лава док спава.”

За ДИКТАТУРАТА:

Се зафркнавме што се зафркнавме со Даскалот, бидна што бидна. Треба да знаете дека тој ми донираше 110 000 денари пред да ја напушти играта и бараше некому да му ја подари единицата, имав пишано на македонскиот ѕид за тоа.
Значи остана должен уште 150к ако не грешам.

Сметам а се надевам дека и вие се уверивте дека диктатурата вредеше. Поради неа бевме во можност да се вклучиме во заедничката акција со Астерија а и да не заборавам многу побитно, успеавме да ја спречиме Аргентина да не нападне во Индија. Сега јасно се гледа резултатот од тие скапоцени 2 секунди 🙂

Е сега дојдоа избори, избравме Претседател и нормално сите почнавте да прашувате зошто имаме уште диктатура. Епа да бидам искрена, кога ќе се сетам дека се истргнав 500 000 денари и продавав пакети, си велам сум заслужила барем да ги земам сите медали. Звучи малку себично ама после толку време вложено тука за заедницава, верувам дека една недела екстра нема многу да смени.
Настрана од тоа, Северус бараше кандидат кој би си ја платил револуцијата. Еве и тука јавно прашувам: Ако има некој кој е спремен да плати 500 000 денари за медалот Ослободител, државата ќе ги доплати останатите 500 000, нека се јави.
И последна причина е доктор доминатор. Тој како што знаете е дел од владите уназад година време и е упатен во се. Со сигурност е добро поткован за за биде Претседател, ама му се појави голем проблем во рл и се надеваме дека се ќе биде во ред и дека ситуацијата не е опасна.



Во целава ситуација јас можам да понудам две решенија.
*Прво решение::
-Револуција
-Импич на доктор доминатор
-Мр Б за Претседател

За да не бидам јас лошата, како и секогаш, спремна сум да се откажам од последните 2 медали.
Бидејќи доктор доминатор сигурно ќе биде неактивен уште една недела, после револуцијата, конгресот му пушта импич.
Мр Б е исто така цело време дел од владината вибер група така да е упатен за се што се случува и верувам дека без проблем би ја водел функцијата Претседател.

*Второ решение да останам диктатор додека доктор доминатор не се реактивира, и во меѓувреме ќе ги земам и последните 2 медали.



Настрана од диктатурата, да напоменам дека се ближат изборите за конгресмени. Аргентина моментално не дава никаков отпор. Многу веројатно е дека се спремаат да нападнат јако во востанијата пред конгрес, затоа чувајте залихи, не трошете на безначајни битки.

Исто така сакам да напоменам дека најверојатно после функцијава ќе се повлечам од секаква политичка функција. Ќе бидам само војник како останатите и секогаш само ќе давам идеи отстрана без да помогнам во нивна реализација како што прават некои играчи моментално. Секоја чест на исклучоците (ДеспотМКД www.erepublik.com/en/article/2657498 ).
Тие што не можевте да ме победите на избори, сега е ваша шанса да се покажете 🙂

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Furious Lady