Наследникот на Ferrari Enzo? -LaFerrari

Day 1,932, 08:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Staniskov
Добар ден ерепубликанци и ерепубликанки

Во оваа статија, иако не е поврзана со еРепублик, ја посветувам на наследникот на Ferrari Enzo..


Ferrari Enzo


Ретки се ситуациите кога околу некој автомобил се крева толку многу фама, како што тоа беше за долгоочекуваниот наследник на Ferrari Enzo. По бројните рендери, шпекулации и тизери, како и претпоставките за тоа какви технички спецификации ќе има автомобилот, веројатно најатрактивниот модел на годинешниот саем во Женева конечно е тука - ова е наследникот на Enzo, новиот LaFerrari.



Како и што се очекуваше, во срцето на автомобилот е V12 моторот, како и електричниот мотор кој обезбедува доказ дека Ferrari се грижи за околината. Тоа значи дека ова Ferrari е хибрид, и користи HY-KERS system (Kinetic Energy Recovery System), кој ги полни батериите преку регенеративното кочење или преку работата на моторот.



Моторот има агрегат од 6,3 литри и развива 800 коњски сили кои доаѓаат на 9.000 вртежи во минута, што е само 250 вртежи под црвената линија на големиот V12 мотор. Електричниот мотор додава дополнителни 163 коњски сили, со кои вкупната сила се искачува до 963 коњи, а кога двата работат заедно максималниот вртежен момент е 970Nm.

LaFerrari забрзува до 100-ка за помалку од три секунди и стигнува до 300 километри на час за 15 секунди, а максималната брзина е 350 километри на час - што е само малку побавно од другиот врвен италијански болид на саемот во Женева - Lamborghini Veneno.
Батеријата тежи 62 килограми е поставена во средината на автомобилот за да не го наруши балансот на тежината, а вкупната маса е само 1,225 килограми.

Дизајнот е очекувано атрактивен и убав, како што и доликува на едно врвно Ferrari, но бидејќи ќе биде во ограничена серија од само 499 примероци, мали се шансите дека некогаш ќе видите LaFerrari на улица.




Официјалното видео..

Превземено од kajgana.com

Со почит
Станишков