Вонредно Претседателско обраќање [Felllix]

Day 2,121, 11:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija







Во востаниево пукаме за востаниците!


Почитувани,

Околностите налагаат да мора да ви се обратам порано од предвиденото со цел да ви соопштам две важни информации
И двете се значајни, едната за нас, другата за нашиот голем сојузник Бугарија.
Ке ги соопштам информациите по хронолошки редослед така како што ке се случуваат.

Прво
Утре најверојатно нешто пред 9h наше време ке започне Astrike на Романија над Бугарија.
Законот е веќе поминат во Романскиот конгрес. Од исклучително значење е аирстрајкот да не успее, како за Бугарија така и за нас.
Затоа утре бидете со полна енергија и следете ги наредбите.
Единствен приоритет за утре ке биде битката Бугарија/Романија.

Второ
Постигнат е договор со Индонезија за размена на територии.
Акцијата е веќе започната со тоа што е кренато востание во Нов јужен Велс и истото востание Индонезија треба да го изгуби. Востанијата ке се креваат по редослед Нов јужен Велс, Квинсленд, Северни територии. Акцијата мора да биде брза и да заврши пред завршувањето на турнирот.
Со тоа би имале штит и би било поедноставно да се браниме од востанија и од евентуален аирстрајк врз нас кој според информациите е се поизвесен.

Во текот на вчерашниот ден од страна на админите беа одземени 75к cc од Macedonian army Затоа уште еднаш апелирам до сите оние кои можат да помогнат со пари, истите да ги донираат во Macedonian Army

Доколку некој сака да даде позајмица на државата повисока од 5к cc, која би била вратена после Конгресот нека ми пише PM.

Не верувавме дека можеме да стигнеме до тука, па стигнавме. Време е е да ја довршиме работата. Доколку акцијава оди по план и биде доволно брза ке имаме повеќе територии и простор за маневрирање при евентуален аирстрајк. Верувајте дека се ова е во интерес да имаме Конгрес. Ние никогаш не сме играле за ресурси, па и сега ресурсите се во втор план.

За крај би ве замолил во наредниов период, да пукаме строго по приоритети и по наредби. За да имаме конгрес потребно е секој тенк да биде испукан на право место и во право време.

Во востаниево пукаме за востаниците!


Да живее Македонија!

Felllix
Претседател на еМакедонија