Ambient on/off

Join the new world

 

Правилата во Erepublik на Македонски јазик

Day 1,058, 03:53 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Ministerstvo za Obrazovanie


Поздрав нови играчи!

Потребно е да се запознаете со правилата во ерепублик со цел да не ги кршите и да не бидете казнувани.

Со овој артикл ќе[/b] ги запознаете правилата на Ерепублик, важно е да го почитувате сепак и да згрешите нешто ништо страшно и онака повеќето сигурен сум дека некогаш сме биле казнети освен внимавајте за мулти акаунти каде што не постои втора шанса и банирањето е парментно. Би ве замолил да не коментирате на теми од реалниот живот во играта (се мисли на шаути, весници, форуми итн) зошто сепак ова е игра и има најразлични сојузи па дури и некогаш нај лутите противници стануваат сојузници во играта но без гајле тоа нема да се случи во нашиот случај и наскоро Грција ја окупираме.

Па да почнеме, еве ги правилата ..

1. Сите граѓани се родени слободно и заради тоа имаат исти права
1.1. Секој граѓанин има право да бира во која компанија
1.2. Секој граѓанин има право да одбира дали ќе се бори во битките или не

2. Ни еден граѓанин не треба да малтретира друг граѓанин
2.1. Расизам, есктремизам, тролување, провоцирање и порнографија не се дозволени
2.2. Навреди, јавни оптужби без докази како и индиректен напад на друг граѓанин не се дозволени

3. Слободата на медиумите е безгранична (освен во кршењето на точките 2, 2.1, 2.2, 3.1 и 3.2)
3.1. Вулгарности, вреѓање, спам како и рекламирање на производи надвор од eRepublik не се дозволени.
3.2. Цитирање приватни разговори без дозвола од сите страни кои учествувале во неа не се дозволени. Доколку граѓанинот пријави цитирање на приватен разговор во кој тој учествувал значи дека цитирањето не е предходно дозволено од двете страни на граѓаните кои учествувале во разговорот.

4. Имотната сопственост ќе биде запленета доколку се утврди дека е стекната со нелегален и неправеден начин. Таквите постапки може да доведат и до крајно исклучување од играта.
Доколку имотната сопственост е стекната по овој пат накнадно префрлена или продадена на друг играч или организација, двете страни кои се вмешани во трансакцијата исто така може да бидат трајно исклучени од играта.

5. Секој играч може да контролира само еден граѓанин во играта.
5.1. Креирањето и управувањето со повеќе граѓани (налози) е забрането и резултира со трајно исклучување од играта, употребата на исти IP адреси не се смета за критериум за употребување повеќе кориснички имиња.
5.2. Креирање или употреба на нелегални или неприлично аватари или имиња на граѓани е забрането и резултира со трајно исклучување од играта. Употребувањето на брендови од вистинскиот живот како аватар или име граѓанин не е препорачлива пошто сте во обврска да го промените аватарот или пак да го проммените името доколку сопственикот на брендот тоа го побара.

6. Секој играч е должен да на администраторите веднаш ги пријави секаквите системски греши или критични грешки.
6.1. Употребата на пропустите во системот е забранета, секој потег кој дава незаслужена предност на граѓанинот над друг граѓанин или граѓани е исто така забранет.
6.2. Употребата на скрипти, алатки или софтвер (која не ги користи јавно достапните API-ја или фидови (feeds) развиени од Erepublik тимот може дректно да влијаат на вашиот граѓанин или се дизајнирани да извршуваат одредени акции кои вас може ама не мора да донесат непоштена предност не е дозволена.

7. Канал за конектирање на Ерепублик тимот е јавниот Ерепублик форум.
7.1. Праќањето тужби и жалби упатени до Ерепублик тимот на каналите кои не се официјални е забрането и нема да биде земено во обзир.
7.2. Јавни дебати во новиот свет се пожелни, ама јавните дебати или жалби поврзани за акции на Ерепублик тимот од еден граѓанин или група граѓани не е дозволено, само Ерепублик тимот има потребен алат да одлучи да ли граѓанинот или групата граѓани направила прекршок, и јавните расправи кои се креирани за цел на рушење на авторитетот на Ерепублик тимот се забранети.

8. Сите предходни закони може да се променат и се истакнати на Erepublik Wiki и Forum-от.
8.1. За кршењето на законите следи привремена или трајна забрана на Wiki или форумот ќе биде применета, а казната може да се пренесе и на Ерепублик корисничкото име.

9. Секоја казна се рачуна како казнени поени на граѓанинот (анг. FP).
9.1. За секое кршење на законите се добива предупредување од 0.5 FP, а трајното исклучување се применува доколку се утврди константност кршењето на законите или ако прекршокот е голем.
9.2. Трајно исклучување доколку биде применето доколку граѓанинот добие 5 или повеќе FP.
9.3. Секој FP се брише два месеци после откако е заслужен или одобрен.

10. Корисникот на Ерепублик мора да биде постар од 14 години.
10.1. Корисниците на корисничкото име имаат право за гасење (деактивирање на акаунтот), или пак да се изгаси доколку е утврдено дека е креиран од член помлад од 14 години.

Тоа би било се за почеток, внимавајте и почитувајте ги правилата и не заборавајте да се претплатите на весникот да кликнете на копчето Subscribe кое се наоѓа во горниот десен агол инаку само да знаете дека претплатата е бесплатна и ништо вие не губите освен што ќе ви стигне известување кога ќе има нови туторијали. Ако не знае како да се претплатите еве ви малку и објаснето со слики малце подоле ..



кога ќе стигне известување изгледа вака ..




United Macedonia
Министерство за Образование
 

Comments

Ministerstvo za Obrazovanie
Ministerstvo za Obrazovanie Day 1,058, 04:19

Во денот на денот ќе испадне уште еден туторијал за тоа како да ја конзумирате храната зошто не може автоматски каде што ќе биде објаснето детално се. И деновиве исто така ќе има и туторијал како да се борите!

До постарите играчи: Гласајте го артиклов со цел секој артикл на МЗО да испадне во Топ5 да можат новите играчи да го викнат.. и да секогаш кога ќе видите нови играчи во делот „онлајн“ испратете им приватна порака и понудете им ваша помош како и линкови до весников.

Ministerstvo za Ekonomija
Ministerstvo za Ekonomija Day 1,058, 04:21

гласано!

Jordan_Cokance
Jordan_Cokance Day 1,058, 04:21

Гласано.

Macedonian_Lion
Macedonian_Lion Day 1,058, 04:23

Малце слики X D

вотед

United Macedonia
United Macedonia Day 1,058, 04:24

@ Lion

Хах ќе има во следниот за борење што ќе биде 😃

Ivan Vancho Makedonski
Ivan Vancho Makedonski Day 1,058, 04:32

vout : )

Drashhh_III_Makedonski
Drashhh_III_Makedonski Day 1,058, 04:37

Глас!

Maced0n
Maced0n Day 1,058, 04:40

Гласано и од мене

Vojdan Makedon
Vojdan Makedon Day 1,058, 04:44

Глас + 🙂

Obilicevo
Obilicevo Day 1,058, 05:00

samo napred eMakedonci!!! vote

Hristijan Cvetanovski
Hristijan Cvetanovski Day 1,058, 05:10

Глас

Podkrepa
Podkrepa Day 1,058, 05:16

гласано

ilesef
ilesef Day 1,058, 05:31

ajde objasnete popodrobno ja sakav da uklucam celata familija na erep
imame doma oprema za toa

ako ova ispadne za dzabe da ne se macam bez veze:)
odgovori sto se racuna za multi sto ne!!

lolACitizenMKD
lolACitizenMKD Day 1,058, 06:08

глас.

Master_Blaster
Master_Blaster Day 1,058, 06:35

nista nisam razumio ali podrska i glas 😉

Macedonia Red Cross
Macedonia Red Cross Day 1,058, 06:58

Глас !

thedragon
thedragon Day 1,058, 10:35

"Во денот на денот" EPIC !!! 😃
Voted 😃

United Macedonia
United Macedonia Day 1,058, 11:05

@ thedragon ?

Каде тоа ? 😃

VelikGogov
VelikGogov Day 1,058, 11:10

Македонски јазик си е български.

Mr Pitbull
Mr Pitbull Day 1,059, 14:32

"Во денот на денот" EPIC !!!
+1

На првиот коментар

Gorangucci
Gorangucci Day 1,062, 10:17

pozdrav, glas

Vasko Panov
Vasko Panov Day 1,062, 10:20

glas

makpop
makpop Day 1,062, 13:58

VelikGogov majka ti e kurva blgrska

Dean Gligorov
Dean Gligorov Day 1,062, 15:11

GLAS

zagepetkovska
zagepetkovska Day 1,062, 15:49

GLAS

kristijan dolevski
kristijan dolevski Day 1,062, 16:11

dali moze da se namesti na makedonski jazik da bide igrava?

Dedo Iljo Malesevski
Dedo Iljo Malesevski Day 1,063, 10:33

Гласано!!!

Macedonian Hunter
Macedonian Hunter Day 1,064, 17:43

vote'

marjan makedonski
marjan makedonski Day 1,165, 11:33

glas

simonnaa
simonnaa Day 1,165, 15:38

jas sum nov igrac i dali treba da pocetokov samo da treniram i rabotam i da kupuvam i jadam leb nisto fazla ne se bara od mene taka ?

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.