[Претседател на еМакедонија]При крајот на еден напорен мандат [EDIT]

Day 1,172, 07:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski

Добар ден еМакедонијо

EDIT -

Повторно пуштив закон за Одбрамбен ситем, истиот третман како и првиот. Но, овој пат исто така и нова бесплатна болница која ќе ја сместиме утре во Источна Македонија. Сето тоа благодарејќи на лазократите.




Пред да почнам ве повикувам да го дадете вашето најдобро што можете во одбраната на нашиот регион Повардарие.

Вака во оваа статија ќе опфатам што е можно повеќе делови од денешната ситуација на еМакедонија за време на мојот претседателски мандат.

1. Војна со Бугарија

Ете ќе почнам со војната. Прво нешто што ќе спомнам е дека последниве денови гледам многу бука низ медиумите дека војната меѓу нас и нашиот источен сосед е тренинг војна. Доколку беше оваа тренинг војна ќе бевте сите известени соодветно преку весниците на Министерството за Одбрана и како може да се нафатиме на тренинг војна кога во тој момент 2 од нашите 3 региони беа под окупација?! Инаку, да имаше разговори на тоа поле но не се донесе решение кое што ќе водеше кон тренинг војна помеѓу двете држави.

Е сега малку да се навратиме назад. Како што можевте да видите во мојата програма пред да станам претседател на еМакедонија, никаде немаше најавено за војна со Бугарија или било каква војна. Но, уште првиот ден по стапувањето на функција еТурција беше нападната од две страни, Бугарија од едната и Грција од другата страна. еМакедонија како еден од најголемите сојузници од секогаш ја имала Турција, па затоа да покажеме достоинство и лојалност кон своите сојузници принудени иако неспремни и сеуште млади се впуштивме во војна. Војната започна доста добро и бевме изненадени од првичните резултати.
Потоа, поради многу работи кои се случија меѓувреме (нинџа скриптите, промени на правилата, напади на нашиот монетарен маркет), еМакедонија неможеше да покаже континуитет во постојаните војни што ни ги наметнаа админите преку законот за Природен Непријател нештата се сменија. Тука би сакал да спомнам за гламорозниот бојкот исто така од страна на еТурција во текот на војната, кој што исто така не хендикепираше уште повеќе, но сепак ние ја испочитувавме нивната одлука и останавме да се бориме храбро. Пресвртот се сведуваше исто така поради битките за Мармара и Плодвив каде што Турција беше поразена и беше укината војната со Бугарија. Тука еМакедонија 1v1 против еБугарија се држеше колку што можеше, но сепак паднавме под окупација која што траеше помалку од 1 ден. Моментално се обидуваме да ги вратиме териториите на еМакедонија и да ја затвориме оваа војна за доброто на нашата земја.

Буџетот за војната искористен од Народната Банка на еМакедонија беше екслузивно искористен за потребите на еМакедонија, за нашата одбрана и за да ги оствариме нашите цели кои ни се наметнуваа во текот на битката. Јас како претседател, сум должен да ги искористам сите средства за да ја бранам еМакедонија и да ги реализирам нашите цели. (груби пресметки но мислам дека оваа беше една од грешките што ги направив што не водев евиденција околу тоа)
- Нападите на Софија и Видин околу 3000 злато
- Спасување на Монетарниот Маркет после нападот на Бугарија врз истиот околу 2000 злато, кој што беше во континуитет и деновиве со ситни напади но сепак успеавме да го стабилизираме колку толку нашиот курс на денарот.
- Помагање во битката за Мармара околу 1000 злато ( битка која што беше клучна за текот на војната која беше во триаголник помеѓу Македонија, Бугарија, Турција и Грција) каде што започна пресвртот во играта.
- Останатото беше се искористено за одбрана на еМакедонија

Тоа е, направив се што мислев дека е добро за еМакедонија и за нејзините граѓани. Останува на вас да судите, јас не се предомислувам за никоја од моите донесени одлуки во врска со оваа тема.
Исто така сакам да спомнам дека беше давано злато за тенкирање и на наши еМакедонци како лазросаМКД и Јунајтед Македонија. Истите можат да ви го потврдат тоа.

Моменталниот тек на војната се сведува на тоа дека се виде во последната битка за Западна Македонија дека сами, како млада држава тешко можеме да се спротиставиме против нашиот непријател. Но сепак, би сакал да се заблагодарам на нашите сојузници како Србија, Унгарија, Турција, Бразил, Индонезија, Велика Британија, Словенија и останатите кои што многу помогнаа во нашата војна. Се надевам дека до крајот на мојот мандат еМакедонија ќе биде целосно вратена на мапата.

2. АРМ

Имаше многу глаорозни вести исто така за АРМ, дека не сум им давал буџет и дека биле скратени од државата. Не е точно, министерот ја има лозинката од државните резерви и така да во секој момент има пристап до средства кои се потребни за армијата. Инаку јас лично никогаш не престанав да им праќам средства (освен што им беа скратени бустерите заради тогашната ситуација на еМакедонија).
И за втората бригада на АРМ, Тигри, бригадата успешно беше составена и функционира со состав од 40 војници под раководство на свој командат кои работат во државни фирми од кои користат средства за војната.

3. Економија

Наскоро ќе следува статија детална за Македонската економија од страна на еден од врвните економисто во еСветот. Инаку, еМакедонија моментално има стабилизиран курс на денарот и златот кој што деновиве доживеа некои турболенции поради помалите напади на нашиот монетарен маркет. Сепак, благодарност уште еднаш до лазократите кои што исто така помогнаа да се стабилизира курсот во еМакедонија.
Според даноците што еМакедонија ги собира и просечната плата во земјата, за земја од 3 месеци еМакедонија изненадува на светски рамки. Повеќе за тоа во статијата што следува деновите.

4. Скандалот за одбрамбениот систем

Пред 2 дена пуштив закон за купување на одбрамбен систем за 60 илјади македонски денари. Системот беше купен од лазократите кои што парите ги вратија во државните резерви. Така да системот излезе без пари т.е. поклон од страна на лазократите. Се решив на овој чекор затоа што оваа е единствен начин да се извадат пари од државната каса се додека немаме конгрес.

5. Надворешни работи

Како што многумина веќе од вас знаат и слушнале за NWO (New World Order) или новиот светски поредок, еМакедонија во континуитет е во разговори со своите најблиски сојузници Србија, Унгарија и Турција. Нашата држава ќе оди по патот на истите овие сојузници, иако би сакал да спомнам дека доколку Турција премине во друга алијанса, според мене овие две држави треба и ќе ги задржат пријателските односи.
Исто така, еМакедонија која што се наоѓа во незгодна географска положба на еМапата не е во можност многу да бира. Ние се држиме секогаш до нашите вистински пријатели кои што се докажаа многупати како единствена опција за еМакедонија.
Така да еМакедонија, до крај со Србија, Унгарија и Турција, без оглед во каква ситуација се наоѓаме. Ние сме лојални и достоинсвени пријатели кои што за вистинските пријатели би направиле се исто како и они за нас.

Мој заклучок дека јас за време на мандатот што ми беше овозможен од страна на македонските граѓани направив единствено се што беше за доброто на еМакедонија.
Иако ќе напоменам програмата со која се кандидирав не го опкружуваше оваа, но со оглед на случките кои се случија во овој месец оваа беше патеката по која мораше да се оди по мое мислење.

Се надевам дека не испуштив нешто, доколу има пишајте во коментари ќе ја едитирам статијата. 🙂 Оставам на вас, да критикувате и да судите. 😃

Останете ми со здравје и гордо, храбро, со дигнати глави за еМакедонија!

п.с. Се извинувам на тие на кои не им одговорив на пораките, но поради лимитирано место од 30 пораки неколку ги снема.

п.п.с. И да, претседателот нема можност за да одобрува државјанства! Единствено конгресот кој што ќе се избере на 25ти овој месец.

п.п.п.с Браво на тие што дочитаа до крај 🙂

Ваш,

Претседател на еМакедонија
Drashhh_III_Makedonski