Тенковите и Струме се сложија да го подржат Don Tas

Day 1,379, 08:18 Published in North Macedonia Chile by DexterMKD

Здраво еМакедонци, мене ме нема ме нема па ќе се изгубам и па ќе напишам две статии во два дена 😛

Иако во нашата мила држава постои служба наречена ДБК на чело со Voix of Macedonia (Сашо Мијалков), која се бави со разузнавање на тековните заговори, стратегии и планови, јас овојпат сум еден чекор пред нив 😃

Мојот извор е сведок на една тајна вечера одржана во Кавадарци на една правоаголна маса на која присуствуваа Scymex, Mudash, Aexil Kong, Bibermk, Kanopy, Strumjanin, Don Tas и уште еден човек кој што сега за сега не ни е познато за кого станува збор. Непознатиот човек е пратен 24/7 од нашиот агент (шпиун) со цел да видиме кога ке се логира на играва и да видиме за кого станува збор.

На масата беа послужени дел од горенаведените со жт ракија кавадаречка додека другиот дел си уживаа во бело вино, а што се однесува до мезето тешко кој би бил рамнодушен да не проба од све по малку зашто имаше од пиле млеко.

Don Tas спремен со видео бинови и презентации им презентираше планови стратегии што би направил кога би станал претседател на еРМ. Сите присутни едногласно се сложија со плановите на Don Tas, но постоеше еден и единствен услов од останатите, а тоа е Грција пак да ја нема но овој пат на едно полугодие на што се сложи Don Tas и падна едно големо живели за муабетот 😃

Strumjanin е замолен од страната на Don Tas да му помага со своите совети и искуство во новата влада, а Strumjanin на муабетот даде едно о7 и вети со SCYMEXOV ЧЕСЕН збор дека ке биде доследен на договореното.

Толку од мене за денес а за останати информации кои ке бидат откриени веднаш ќе ве информирам.

Останете ми со 2400 здравје 😃