Републиканци [Demigod_mk]

Day 1,522, 05:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk





Добар ден

Денес ми е привилегија да ја претставам најновата партија на Македонската политичка сцена.


РЕПУБЛИКАНСКАТА ПАРТИЈА








Нашата главна цел и залагање е многу едноставна.Да го префрлиме играњето на играва од неколку канали на ризон назад во игrава каде што сите може да учестуваат.

Во последните 2 дена партијата доби околу 80 нови члена и се надеваме дека на претстојните конгресменски избори ќе успееме да влеземе во ТОП 5 и да учествувавме во нив.Но и ако не успееме ќе се соочиме со другите партии сигурно на претседателските избори.


Вчера беше направен и форумот на партијата:


http://erepmkd.macedonianforum.net/


Каде што секој кој сака може да се приклучи и да учествува во правењето на политиката на партијата.


На кратко нема да бидеме како другите партии каде што целата партија се сведува да го потплатиш претседателот на партијата да те кандидира за конгресмен и после и да фрлиш уште 5 голд за да изнакупиш гласови.Републиканската партија ќе има јасна политика околу тоа во која насока сака да се движи еМакедонија во играва и сите ќе функционираме како тим независно од успехот или неуспехот.



На форумот се напишани основите на правилникот според кој внатрешно ќе функционира партијата, кој се интересира повеќе би му препорачал да кликне на горе наведениот линк и да види за што се работи.



Додека ако пак сакате да зборите со некој од членовите на партијата директно каналот на ризон е:

#republikanci



Сите кои имаат идеи,предлози или само сакаат да помогнат при организирање на еМакедонија ги повикувам да се приклучат на Партијата и форумот за да можеме прво да дебатираме во врска со нив а потоа и ако се согласиме, заедно да пробаме на заедничка платформа да ги претвориме во реалност.



Толку од мене во оваа прва статија на тема Републикаска партија но деновиве ќе бидат објавени доста продолженија со објаснување на нашите цели и политичка платформа.

Поздрав







Шаут:


Републиканци[Demigod_mk]

http://www.erepublik.com/en/article/-demigod-mk-1-1949790/1/20