Кандидатура за претседател [Demigod_mk]

Day 1,383, 05:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk


Здравo Македонијо

За почеток морам да истакнам

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ МНОГУ ДОЛГА СТАТИЈА

Сега кога сте предупредени да почнеме.Статијава се состои од 4 дела:

1.Вовед
2.Институации на еМакедонија
3.Надворешна Политика
4.Субвенции и рефунд
5.Обединување


1.Вовед

Главната причина поради која решив да се кандидирам овој месец е континуираното вадење на играњето на играва надвор од играва на приватни канали.

Од се се направи шега и потсмев.Конгресот е неважен,на кого му е гајле на министерство за образование кога 1 постар играч прави колку 100 нови играчи инфлуенце,министерствата за информации и надворешни работи немаат објавено статија со месеци веќе мислам, и ситуацијава почнува станува смешна.

Најсмешното ми е дека за се е крив Македонскиот менталитет,посебно кога претседателите се неспособни.Но јас сепак мислам дека тие исти претседатели да бидат пратени и во Бугарија и во Грција кои може да се рече се најорганизирани на ниво на држави,тие претседатели би направиле хаос и таму.

Проблемот е што нашите нови играчи уште во старт им се даде лоша претстава што ја прави некоја земја голема во играва.Србија,Полска и Унгарија најаките земји во играва не ги прават јаки неколку луѓе што тенкаат ги прават јаки нивната огромна популација и војски.Ромпер и Алехандрос можеби ќе не победат во неколку битки со РЛ пари но неможе они секој ден да надокнадуваат огромни разлики во инфлуенце направен со ФФ со нивен инфлуенце направен со Евра.Ние пак во бесконечна мудрост идеме целосно по тој пат.Само се прават некакви елити 3000-4000+ стренгт,додека новите играчи ( под нови дури играчи што играат 4 месеца) се третираат како да се никој и ништи и тоа мора да прекине пред да си останат 100 луѓе и да си ја играаат сами играва.






2.Институции на еМакедонија


-Конгрес


Како што кажав погоре доволно долго институциите во еМКД се вадат надвор од играва и на приватни канали каде што 5 луѓе си одлучуваат се сами.

Во статијата Дипломатија веќе споменав за давање некој надлежности на конгресот,на што имаше многу критики од типот "не сакам да одлучува за мене некој што купува гласови за да стигне до таму".Тука лежи и главниот проблем баш заради тоа што не одлучува конгресот за ништо,80% од луѓето во него си ги купуваат гласовите за да влезат.Не ме сваќајте погрешно и да му се даде одговорност сепак ќе има што ќе влезат со купени гласови во него,но сепак кога од конгресот ќе зависат работи како објавување на НЕ,прогласување на МИР и такви работи малце и играчите и претседателите на партија ќе се подразмислат кој влегува таму.Затоа што потоа одлуките на тој ист конгрес по нивен грб ќе паѓаат.


-Заменик Претседател

Smekerot - неговата главна улога ќе биде делење на субвенциите за кој подетално ќе биде објаснето подоле.Човекот е максимално активен а според мене и чесен и мислам дека ќе си ја заврши својата работа перфектно.


-Министерство за образование



Министер би бил МакедонецМКД

Човекот се покажа на неколку пати со средување на туторијалите и заради тоа и би го назначил и овој мандат во пресрет на ББ`то што се очекува на 8 септември.

Исто така мислам дека би било многу корисно да се направи еден план како некој играч да се разива првите месец дена на најефикасен начин.Ова би го олеснило почетокот на нашите нови играчи и би осигурало и поголема бројка од нив да останат во играта.


-Министерство за Информирање

Ова министерство споредено со тие во регионот е катастрофа.Немам видено асална статија од ова министерство веќе подолго време.

Министер би бил Boban Panovski а помошник МакедонецМКД.Двајцата се добри новинари секој на свој начин.

Министерството ќе објавува статија на секој 48 часа ( по завршувањето на претходната) со тоа што се случило во последните 48 часа.Тука би биле покриени сите поважни битки,промени во играта,известувања од амбасадорите и слични работи кои ќе бидат оценети како интересни од министрите.

Исто така и ќе има дел од статија "Прашања и одговори" каде прашањата поставени во изминатите 48 часа биле одговорени.

-Министерство за Финансии

Минситер би бил AceVeles во него имам целосна доверба дека не е корумпиран и само он и јас ќе имаме пасворд од НБМ


-Министерство за Економија

Со немањето повеќе на државни фирми ниту пак каков било каква можност државата да интервенира во економијата ова министерство е непотребно според мене.


-Министерство за Надворешни работи

Министер би бил BalckMK,додека Majmun102 би бил заменик министер со задолжени за подобрување на односите во Блискиот Исток и подобра координација со тие земји за полесна заштита на нашите колонии.

Ставовите околу Дипломатијат веќе ги изнесов во претходната статија и мислам дека е непотребно да се повторувам.



мала пауза да се одморите од читање


-Министерство за Одбрана

Министер би бил Бранислав со доста помошници кои се веќе договорени од различни единици а ќе бидат и додатни примени понатаму.

Тука има неколку работи кои треба да се поправат или да се создадат.

~Прво ќе има неколку помошници кои би биле задолжени само за објавување и измени на наредбите преку МОД`от.

~Генералштабот би бил повторно обновен но само со лојални единици.Едниници кои по цел ден би барале пари за да се тепаат или да шират само незадоволство нема да бидат примени.

~Укрупнување на единиците во Армии заради полесно давање на наредби.Значи не да спојуваат туку само да се договорат да имаат заеднички представник на генералштаб.Зошто полесно се разговара со 5 -8 луѓе отколу со 20.

~Создавање на лојална армија на Македонија од новиот ББ

Значи од последниот ББ највеќе се создадоа луѓе желни за моќ и без никаква лојалност кон државата зошто државата и никогаш не ни покажа заинтересираност за нив освен да ги оданочува.

Новите играчи (играчи од 0-1000 стр) ќе бидат организирани во Армија која ќе се вика Македонската Гарда нема да имаат МУ само свој чат и регистрирана армија на егов.

Ќе се бараат луѓе кои сакаат да помогнат со тоа што би ги вртеле овие регрути како 1DW работници.Они би работеле за 1 мкд плата а луѓето чиви се компаниите би им давале тенкови колку што би останале после покривање на загубите тоа според мои пресметки е 5 тенка.Сите во армијата би морале да имаат инсталирано пулс проектот каде генерал назначен од МОД`от би им се давал директни наредби.

Државата исто така ако следат наредби би можела да го плаќа равот за 1 или 2 тенка кај нивните газди.Ова во комбинација со проектот на образованието да се направи туторијал за стандардно развивање на играчите би можело да ни создаде добра лојална армија со време.

Откако регрутите во Гардата би стигнале до 1500 стренгт би имало договор со која единица би сакала да ги прими или ако можат би се организирале самите да си отворат своја единица.


3.Надворешна Политика


>>ЧИТАЈ ТУКА



4.Субвенции,даноци рефунд

~Субвенции


Како што кажав погоре одговорен за делење на субвенциите би бил Шмекерот.
Според тоа што го има во НБМ во првото делење би се поделиле околу 2 милиони во субвенции на сите играчи кои исполнуваат некој обични услов како имање 1500 стренгт и уште неколку генералн услови.Ова би се поклопило и со завршување на учеството на новите играчи во гардата со што би добиле и пари да си отворат своја компанија.

Со субвенциите би извадиле 6 милиони МКД од еМакедонија со што курсот би бил стабилизиран во следните 2 месеца без проблем.Притоа зголемувајќи го производството на рав а со тоа намлување на цените на рав а со тоа и на оружје.

~Даноци

Даноците на приход би биле симнати на 1% затоа што не е фер членовите на единици да не плаќаат данок а другите да плаќат.

Даноците на увоз би биле ставени на 99%.

Данокот на додадена вредност би бил симнат до мерка во македоснката каса дневно да доаѓаат околу 30-40К МКД (наспорти сегашните 100 000 +) за да се има пари за МПП`а и финансирање на Гардата и делење на тенкови кога е потребна помош на сојузници.


~Рефунд

Овдека мојот став е добро познат.Рефундот е причината за целиот раздор во државата.Секако со неговото делење исто така се држат цените на производи високи и се прави инфлација на денарот.

По мене исто така најважно е дека е срамно во некој случаи Македонци да се плаќаат како најобични платеници да се борат за МКД.Додека од "нивни пари" бркаат БХ и РВ медали по цел свет.

Укинувањето на рефунд нема да ги уништи малите единици ќе ги зголеми.Всушност самата поента на создавањето на единици не беше за да се дојде до рефунд туку за да се зголеми ефикасноста на играчите во одбрана на еМакедонија.

Делење на тенкови и храна че има,НО само при сериозен напад на Главниот град во колониите и во подршка на сојузниците во важни битки.

Ова во никој случај нема да биде секојдневно и во никој случај нема да се дели само на одредена група на луѓе зошто они би направиле највеќе инфлуенце.

Како што кажав погоре тие што сакаат да се борат за еМКД ќе бидат добредојдени на каналот на генералштабот,тие што ги интересира само рефунд можат ....


МОД`от ќе почне за првпат да си ја врши својата работа а тоа е давање на наредби.И ветувам дека таа задача ќе си ја вршат или ќе бидат одговорните сменети во најкраток можен рок.

Истото важи и за сите други минситерства.

5.Обединување

Сите прават како да е нормално веќе луѓето да бркаат медали борекќи се за странски држави или да зимаат пари од други држави за да се борат за нив.

Ова не е ништо ново ова го имаше дури и пред 2 години а тогаш инфлуенцот беше многу позначаен зошто се знаеше која земја колку може дневно највеќе и немаше тука остапки.И тогаш се појавуваа платенички армии но секогаш беа пречекувани на ист начин а тоа е на нож,зошто беше срамно да се бориш за друга држава додека твојата држава има војна.

Треба да се објавуваат статии и статии со ЧИСТА ПРОПАГАНДА додека буквално на сите не им влезе во мозокот а посебно на новите играчи "ДЕКА НИЕ СМЕ ДОБРИТЕ А ОНИ ЛОШИТЕ" иако не звучи убаво ,сепак е многу ефективен како што можеше да се заклучи по војните Atlantis/Peace GC и Phoenix/EDEN кој требаше 2 години да поминат за пропагандата да ослабне за да дојде до рокада во сојузите.

Многумина пишуваат "Народот е во право дури и кога греши" јас сум повеќе за "Народот ќе си жнее тоа што садел".

Изборите се за 2 дена решите дали ќе бидете независни луѓе. државата конечно ќе може да си ја врши својата оригинална работа а тоа е организација и информирање на играчите.Или ќе продолжиме со државата-доилка која со време сигурно ќе пресуши a ќе изгубиме и огромен дел од играчите во процесот.





Ова е генерално тоа што јас го застапувам секако би можело да дојде до измени поради некакви промени од адмните или ако нешто се покаже како лоша одлука но мислам дека ова е начинот на кој треба да се развива Македонија.


Толку и поздрав





Кандидатура за претседател[Demigod_mk] --
http://www.erepublik.com/en/article/-demigod-mk-1-1855956/1/20

EDIT:

Гледам доста се бунат за МОД`от.Човекот не го менувам додека не направи некоја грешка.Зборев со него и самиот си кажа дека ако не му иде сам ќе си даде отказ али јас да го сменам без да направи никаква грешка нема па ако треба нека ги изгубам и изборите заради тоа.