Дипломатија[Demigod_mk]

Day 1,380, 08:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk


Гледам доста не знаат да читаат а се уште помалце информиране па да си напишам што мислам дека треба да се направи и што би направил на дипломатско поле за следниот месец.


Статијата се состои од два дела:


-Објаснување на некои мои гледишта и правилник за надворешна дипломатија

Прво доста гледам ми пишуваат ти сакаш одма да не скараш со ОНЕ и да се бориме против нив поради моите статии за излегување од ОНЕ.Тоа не е точно ако ги прочитате ќе видите дека јас зборев за искачање од ОНЕ за да не продолжи да се создава непријателство меѓу нас и сојузот како оваа статија или пак коментарите во оваа статија статија јас никогаш во статиите не повикував на борба против ниеден сојузник.Напротив Полска и Унгарија ги ценам доста зошто секогаш помагаат а вистинската цел беше да не се комплицира понатаму ситуацијата со Шпанија туку да бидат организирани ПРО-ОНЕ земјите во еден сојуз и така да бидеме уште помоќни.

Но во секој случај мислам дека треба сите играчи треба да бидат заштитени од претседатели кои одеднаш си вадат статии со промена на алијанса и склучувања на мир и објавувања на војни и смена на стратегии.

1.МИР

Откако претседателот или министерот за нодворешни работи би направил договор тој би морал да го достави на конгресот на Македонија кој пак би гласал (али гласот мора и да се образложи) дали да се прифати или не.Гласањето може да биде на одамна заборавениот форум на МКД и сите да можат да го гледаат али само конгресмените да можат да пишуваат.50+% би биле потребни за да биде гласањето регуларно а ако заврши блиску ( тоа значи едната страна победи за 1 или 2 гласа) тогаш двете страни пишуваат текст со објаснување за нивните ставови и се става во весник како референдум за сите.


2.MPP

Освен при прво потпишување на МПП кога би се гласало на форум само со ДА или НЕ и потреба од 50% од конгресмените да гласаат,секое следно потпишување би било автоматски без дебата освен ако некој конгресмени неќат да ја почнат.



3.Стратегија и објавување на војна

Ако сме во фаза на мир и се планира да се тргне во некој правец поради некакви планови исто ќе треба да се стави пред конгрес на гласање (со истите правила како за гласање на мир).Од ова би се отстапувало само ако се има вистински сомнеж дека некој сака да не нападне и треба да го претркаме со НЕ при што нема да има никаква гласање само да се извести конгресот од напред и да се добие генерална согласност.




Ако некој претседател не би ги следел овие правила и притоа не даде никакво валидно објаснвуање зошто не го следел казната би требало да биде импеач во најракток можен рок.



-Дипломатија



1.Турција и Шпанија

Овој конфликт мора да се реши а Турција да влезе во ОНЕ.Едноставно ситуацијата на Балканот е 4 земји на ЕДЕН (Грција,Бугарија,Романија и Хрватска) против 2 од ОНЕ ( Србија и Македонија) со периодични влегување во конфликтот на Угнарија и Турција.Ова е многу глупа ситуација и за нас и за Србија едностано некоја од двете земји мора да губи.Прво губевме ние,сега губат Србите ќе видиме кој е следен.Додека со Шпанија треба да се збори малце да се корегираат а ако не сакаат, што да им правиме?Со нив сме во сојуз веќе.


2.Иран

Со оваа земја мора да се воспостават добри односи веднаш не само поради конкретната закана кон нас што ја упатува Кина туку и би биле многу корисни партнери во форма на свапување со региони за да не отсекуваат против нашите непријатели.Исто така во регионот со колониите веќе имаме 2 директни противника Грција и Кипар а наскоро најверојатно ќе биде и Кина + во оригиналните Бугарија тоа е премногу само за нас и Турција ни треба барем уште еден сојузник.


3.ONE

Планирам овој месец конечно да им се каже на сојузниците што правиме и што се дешава во државава зошто барем според мене недоволното помагање во некој ситуации не е дека они не сакаат туку дека најверојатно не ни знаат за тоа.



4.Грција и НЕ

Веќе предолго сме во директни војни и гушење на опасни востанија.Со секој поминат месец вака организираноста ни опаѓа.Колку ќе добиеме а колку ќе дадеме зависи дали во преговорите ќе влеземе со држење на Грчки региони и Полска во Апулија или во пинг понг војна Западна Македонија-Македонија.

Ако се склучи таков мир со Грција сепак секој ден би имале НЕ со Саудиска Арабија на принцип зимаме ослободуваме додека не се изгласа нова стратегија за на каде ( според правилникот секако ) .

5.Србија

Србија во моментов е во тешка состојба највеќе поради проблемот Турција-Шпанија и тоа што ние ретко можеме да помогнеме бидејќи секој ден имаме битки важни за нас.Со решавањето на барем 1 од овие два проблема ситуацијата на Србија би се подобрила многукратно.






Толку за дипломатијата за денес утре ќе објавам статија со кандидатура мојот тим и завршен текст за секој сектор посебно.


За сите што прочитавте до овдека фала за вниманието и ве молам дадете еден шаут и воте:

Дипломатија[Demigod_mk] http://www.erepublik.com/en/article/-demigod-mk-1-1853916/1/20