Нов сојуз во кој би дошле до полн израз[Demigod_mk]

Day 1,328, 15:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk



ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ МНОГУ ДОЛГА СТАТИЈА



Ретко пишувам по 2 статии во еден ден али сега гледам сите "се запалија што како " 😃 и морам.

Ова не е статија во стил на Србите што повикуваа на пријателство помеѓу Грција и Србија и нема никакво врска со РЛ.

Играва ја играм доста долго време да ми дадат испит на тема играва би го положил со 10ка 😃.

Ако некој се помачил од вас да прочита нешто за што се случуваше во играва пред да не додадат ќе види дека често се повторуваат 4те империи.

Пакистан
Романија
Шведска
Индонезија


Овие империи не беа направени со тоа што тогашните најсилни се здружуваа и ги тормозеа послабите туку беа направени со тепање против другите најаки и со тоа докажување кој е подобар.

Сега во моментов имаме алијанса во која првите 5 земји по јачина се во нејзе.

Ова е "неприродна алијанса" може да се спореди со тоа како Леброн,Бош и Вејд се собраа во Мајами Хитс само за да освојуваат шампионати.Тепаа цела сезона се и на крај се усраа против тимот со повеќе срце истото ќе се случи и со сојузов.Да не се лажеме нашето мислење за Шпанија е ..... (не ни имаме мислење кое барем не е негативно)

Порано или подоцна ( најкасно до октомрви) ОНЕ ќе се распадне ганрантирано или барем некоја членка ќе се откаже и ќе се префрли во друга алијанса или ќе направи своја алијанса и тоа е неминовно.

Ние пак како релативно нова земја на која не и значи до толку дали ќе ја држиме Америка или Кина колку што ни значи да се докажеме колку сме силни овој сојуз ни е комплетно неповолен.

Цело време сме 5тата дупка на кавалот Србија,Полска,Унгарија,Шпанија.

Јас не викам сега да им објавиме војна на овие земји за да се докажеме и со тоа да ги заебеме сите односи но на нас ни е очајно потребен сојуз по наша мерка.Сојуз во кој ние би биле во надредена положба и би можеле да се докажеме и како пријатели и како силна земја.








Сојузот кој јас го предлагам е следниов:

1.Турција
2.Индонезија
3.Аргентина
4.Кипар
5.Јужна Кореја
6.Франција
7.Британија
8.Србија / ако се заинтересирани
9.Унгарија / ако се заинтересирани
10.Бразил /ако се заинтересирани
11.Хрватска/ако се заинтересирани



Верувајте овој сојуз нема да биде во никој случај слаб.Со ЕДЕН би можеле да се справиме без никаков проблем единствените кои би ни парирале би биле ОНЕ.Самиот сојуз ни дава целосна надмоќност во сите ноќни битки.Тоа се по 4-5 сигурни мини битки во секоја битка.

Со сите овие земји сме во супер односи некој имаат и одлични положби како Индонезија,Кипар,Јужна Кореја,Аргентина и воопшто немаат никој сериозно да ги загрози во околината.

Многу од вас ќе речат кој се Јужна Кореја али за сите кои не погледнале Јужна Кореја има 5000 жители и по 300-500 нови секој ден а сеуште никој од власта не отстварил ни контакт иако во минатато имавме одлични односи.


Исто така со Кипар и Турција во овој дел на Балканот би имале целосна доминација.А со Франција би биле сигурни нашите колонии во Италија.









Уште еднаш за крај не викам да плукнеме на се до сега и ние никогаш и не би војувале со Србија и Унгарија зошто едноставно немаме причина за никаков директен конфликт со нив.

Сепак ако сакаш да бидеш силен треба да се тепаш со силни.


Најважното е што мора да се свати е дека пред 3-4 месеца бевме по 500 луѓе на чат зошто ситуацијата ни беше очајна и имаше елемент на возбуда и најважно желба.Додека во ваков амбиент со секој поминат ден се претвараме во сила од типот на кој беше Грција или од кој е Хрватска. Неколку тешки тенкаши потпомогнати од 100 војника.

А со време како ќе си отидат луѓето ќе си отидат и тенковите.





EDIT:

Исто така кога би имало договор да се разложи ОНЕ би можеле да направиме нов сојуз со Србија,Унгарија,Турција и Индонезија или поточно да се вратиме на Феникс али ова е многу тешко зошто Србија а посебно па Унгарија нема шанси да го напуштат ОНЕ