Не го играјте политичкиот модул [Demigod_mk]

Day 1,283, 07:05 Published in Italy North Macedonia by Demigod_mk


Здраво Македонијо

Како прво морам да споменам дека јас не сум ни за ниедна партија.Партиите ги гледам како непотребен дел од играва.

Поминаа избориве повторно си се тераше истата приказна со купување на гласови но тоа и не е толку важно.Важното е дека доста наши играчи имаат многу погрешно размислување за тоа како се стига до власт и какви се проблеми има ако се одлучиме како ќе се стига или нема да се стига до власт.

Во еСветов има 2 типа на одлучување за што да прави државата:

Првиот начин е преку конгресот и преку договарање со сите министри и имање комисии за се.Овој начин го практикуваат само мали земји со по 300-1000 популација и Америка.Али мора да се каже дека Америка имаат посложен систем на закони и правила во играва отколку ние во РЛ.


Вториот начин е претседателот е тој со главен збор и се иде преку него.Освен ако не направи огромни грешки конгресот мора да ги слуша сите наредби.Вака се организирани сите преостанати држави вклучувајќи не и нас.

Тоа беа двата начина на владеење во една држав сега ајде да ги разгледаме како се стига до тие позиции овдека има пак два начина:


Првиот начин е со терање нормални избори сите политички партии се борат за превласт и кој тепа тепа.Ова е многу лош модел за нас.Зошто буквално ни отвара нов тип на војна ГРАЃАНСКА ВОЈНА.

Ние во РЛ не ја имаме културата на фер плеј камоли во игра каде никој не ни може ништо.Плус комбинирано со нашшиот менталитет на стадо ако вака одбираме власт порано или подоцна ќе ни се случи истото како на Бугарија или Грција.Пораз на избори е полошо него мајка да ти убие и ќе се распаднеме од внатре.Ова беше во полн тек пред 1 месец меѓу ОЕМ и МНФ кога Македонец до Индија му беше направен импеач што они го сватија многу сериозно.


Вториот начин кој што јас го подржувам искрено е на принцип на договор.Претседателите на првите 5 партии се собираат на еден канал и да се договорат кој ќе е претседател на принцип колку гласови добиле на избори на претседател на партија поделено со 100 (вака нема да се тркаат на конгресменски пак).

Кој се избере се избере вториот ќе се кандидира како резерва во случајот првиот да не е доволно кадарен.

Секој кандидат ќе мора да има кандидатура со планови.НЕ ВЕТУВАЊА дека ќе ја направел јака АРМ и ќе се концентрирал на дипломатија туку комплетни планови во кои ќе има временска рамка,потребни ресурси и цел.


Политичкиот модул за нас не е зошто кај нас треба буквално да се преименува во граѓанска војна модул.Ако сака некој да стигне до власт нека проба преку Медиа модулот за сите преку неговите статии иразмислувања да видат што човек е.


Толку и поздрав