Завршен збор за овој мандат [Demigod_mk]

Day 1,262, 01:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk


Малце подолга статија али интересна (барем така мислам 🙂 )

Зошто сеуште немам е-маил и пасворд од МоФа весникот ќе морам и оваа статија да ја напишам од овде.

- Франција



Со Франција е склучен мир после ситуацијаат која настана заради недоразбирање.Мирот е долгорочен и во посредништво на Турска и договорен со Полска која исто така ќе потпише мир со нив. Во следните неколку дена во договор со Франција
ќе им биде вратена и Корсика


- Словенија


Зошто толку имаше бунење во претходната статија заради односите со Словенија решив да им понудам решение со кое на крај и двете земји би биле со 8/10 ресурси и сите би биле задоволни.


Решението е многу едноставно Словенија само да го префрли својот регион за железо од Швајцарија во Чешка и со тоа Централна Европа да се подели вака:

Македонија:

Romandie - Крави
Deutschschweiz - Железо
Vorarlberg - Елени
Tyrol-Елени
Salzburg-Алуминиум
Carinthia-Алуминиум

8/10 ресурси


Словенија:

Graubunden -Овошје
Svizzera italiana -Крави
Lower Austria- Овошје
Southern Bohemia- Железо

8/10 ресурси (со се нивните Италијански провинции)


Швајцарија:

Ништо

Австрија:

Upper Austria


Во понудата од наша страна влегуваше и ние да платиме најголем дел од трошоците за префрлувањето на железниот регион но веднаш добив одговор а тоа е НЕ зошто Австријците им биле браќа.

Други позначајни случувања немаше на полето на надворешни работи.






Ајде сега за по мене поважниот дел а тоа е оваа статија.



http://www.erepublik.com/en/article/-1-1765600/1/20



Знаевме дека ќе има бунење и се тоа и можете да се буните колку сакате оваа влада да беше пак на власт ќе го истуркаше ова али еве сега си останува на Струмјанин да си одлучи.


Ова ново правило е дел од две нови правила чија цел е да ја средат нашата војска зошто нашиот РЛ менталитет почнува веќе да прави сериозни проблеми во играта.

Имаме по 150 луѓе на чат се дава наредба пукај и имаш 2 македонски аватара во битка Русија-Латвија во која ако пукнат 60 луѓе 10 мин само наши ќе се гледаат аватари.



Зошто не треба да се буните против новото правила за БХ



Ова правило не е насочено против новите играчи таму си пишува убаво ако немате БХ можете да го земете каде сакате и златото си го задржувате.


АЛИ НЕ МОЖЕ додека Србија се бори за Белград нашите паравоени да се тркаат кој ќе земе БХ во Италија.


За сите кои викаат дека вака војската ќе се опустошела не се во право.


Со време како индивидуалците ќе сакаат да го прекршат правилото така и единиците ќе им бидат бркани така и за тие што следат наредби ќе има повеќе пари.Ако остануваат вишок пари ќе се оформуваат повеќе единици во АРМ и таму ќе се наоѓа место за сите кои сакаат да следат наредби.


~ Ако имате голем стренгт и трошите РЛ пари за играва.


Ако тој инфлуенце од тој стр и тие РЛ вие го фрлате во некоја избацена земја и неважна битка зошто сте и потребни на Македонија тој СТР е бескорисен и тој инфлуенце е бескорисен вие за државата сте 100% бескорисни.


~ Војничкиот канал ќе бил празен

Подобро да има на него 80-100 луѓе кои ако им се рече пукај ќе пукнат отколку да има 200+ од кој 70% се таму само заради паравојската да им зима рефунд и да не изгледаат дека не се активни.


Државата нема правило да ги помага паравоените.Она тоа го прави зошто сака.

Зошто државата не мора да помага таа може да постави услови на кого ќе ги дава парите.Ако паравоените ги сакаат парите на државата ќе играат според правилата на државата.



ПАРАВОЈСКИТЕ НЕ МОЖЕ ДА И ПОСТАВУВАAT УСЛОВИ НА ДРЖАВАТА ТУКУ САМО

ДРЖАВАТА МОЖЕ ДА ИМ ПОСТАВУВА УСЛОВИ НА НИВ







Второто правило пак е ниеден војник да не смее да работи во повеќе од 5 компании дневно вклучително и таа на единицата.


Ако БХ ни го зимаат најконцентрираниот по играч инфлуенце, работењето во компании ни го преполовува.Тоа беше приметено баш вчера кога минситерот за економија ги прегледуваше финансиите на единиците.Играчот има 12 компании а секој ден зима рефунд од 5 оружја и 250 леб.

Како он го користи 5тото оружје?

И тоа ако нема куќа како го користи и 4тото?


Компаниите ни зимаат 1/3 до 1/2 од вкупниот инфлуенце.


Знам дека ова изгледаат како многу правила и многу строги правила.Но кога ќе се истенчи стадото после бенефициите ќе бидат многу многу поголеми.Од екстра оружје и храна ако се седи преку вечер за да се пазат битки до екстра пари ако секој ден имате 300 ФФ за борба и не работите во компании.Ако се иде со спроведување на овие правила за кратко време ќе имаме војска организирана како Унгарската.


Денеска исто така министерот за економија ќе го објави и гоогле документот за финансиите за овој месец и со тоа ќе бидеме првата влада која го направила тоа.