Кој е планот за понатаму? [Demigod_mk]

Day 1,238, 07:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Demigod_mk

Здраво Македонијо




Гледам сега ја ставиле Франција за НЕ па ај викам да напишам нешто да "мудрувам" малце 🙂.


Хрватите ги зафркаваат Србите дека пред некој ден во два дена изгубија 7 региони.Ако продолжите со ова што го правите Српските загуби ќе изгледат смешни.

Мое предвидување е дека за 3 дена ( +- 1-2 дена зависно од што се деси денес во Рајастан ако тепаат +2 дена ако изгубат -1/2 дена) Бугарите ќе ги ослободат Пловдив,Варна и Видин и ќе пуштат НЕ против нас со што ќе си ја земат Софија и тоа што се селевте ќе изгледа како комплетна глупост.

После тоа очекуавјте РВ во Франција комбинирано со напад на Источна Македонија од Бугарите и Натурал Енеми од Итаљанците е тогаш ќе стане малце зафркнато кога нашата "супер дисциплирана" војска ќе треба да се тепа на 3 фронта.

За 3 дена не само што ќе изгубиме се во Италија и Франција туку има и добра шанса да не избришат.

Бугарите прават х2,5/3 поголема штета од нас и плус имаат државна војска која слуша наредби за разлика од нашата со паравоени кои се тепаат кај им текне и генерално идеме на бројки што нема да успее против Бугарите зошто сме со скоро иста популација.




Мој совет:

Баталете ја Франција тој воз помина веќе.Имавме избор да имаме империја или да се тепаме во маало и избравте да се тепате во маало.Сега сме во Балканска лига чим се вратат Бугарите ќе ни објават НЕ ќе почне пинг понг војната со нив по која доста од вас тежнеа.

Веќе Македонија нема да може да се шири затоа што ете си добивме наша војна со Бугарите.Освен ако не успееме да се најачаме доволно да немаат избор освен да потпишат МИР со нас не верувам некогаш да прекинат да не напаѓаат.
Претходниот пат успеавме со дипломатија да се спасиме али овој пат не верувам да имаме успех.Затоа почнете да ги организирате играчите.


Исто така дајте малце покажете им заби на тие во ОНЕ.Знам дека на прв поглед даваат некој огромен впечаток но всушност не се толку паметни колку што се прават.Во секоја земја има по 50 играчи кои се исто толку добри колку и нив само они се најчесто најдобри во нивниот занат манипулација.Ако им се спротиставите прво ќе почнат со напаѓање па ако не им успее ќе ве барат на ПМ да ја средите работата а да не изгубат образ.




И ВЕ МОЛАМ ДАЈТЕ ОБАЈВЕТЕ ЕДНА СТАТИЈА ОД ДРЖАВНИТЕ ВЕСНИЦИ ДА НЕ СЕ СЕЛАТ ВО ВИДИН И СОФИЈА ТОА Е САМО МАНИПУЛАЦИЈА ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КОМПАНИИ ЗА КАРТИ ДА ИЗВАДАТ ДОБАР ПРОФИТ И НИШТО ПОВЕЌЕ ТИЕ РЕГИОНИ НЕ ГИ ОСВОЈУВАМЕ ГИ ПОЗАЈМУВАМЕ САМО НА НЕКОЛКУ ДЕНА.