Околу законот за објавување војна [dDejan]

Day 2,196, 15:37 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan

Здраво еМакедонки и еМакедонци

Многу џева се дигна околу законот за објавување војна на Грција. На жалост тој закон кошта многу пари али не верувам дека постои некој еМакедонец кој верува дека Ред Торнадо намерно го пуштил тој штетен закон. До сега се изнакажаа многу зборови и навреди и према претседателот што ја направил грешката а и против тие што го критикуваат претседателот.

И на едните и на другите им препорачувам ДОСТА Е!

Да прекинеме со препукувањата и да земеме да пробаме да направиме нешто да се поправи грешката. Опцијата за таков закон во играва е останата од едно друго време, но со моменталната ситуација тој закон е чиста глупост. Самото тоа што постои таа опција во играта треба да се третира како баг во играта оставен намерно од админите за да кога тогаш некој се заебе



Така да наместо да трошите време на препукувања меѓу себе, препукувајте се со Плато со тоа што ќе му пишете тикет. Кажете му како прво дека законот е пуштен по грешка и треба да се поништи и како второ или да ги смени условите за пуштање таков закон (поскладна цена на денешните економски услови) или комплетно да го поништи како опција (која друга земја има пуштено таков закон намерно во последниве 2-3 години?)

Шансите за успех може се мали, али најмногу зависат од масивноста. Сетете се дека кога го имаа навредливиот банер за собирот во Солун, со масовното спамирање на крај го сменија. Во овој случај може нема да има позитивен резултат али ако не пробаме нема да знаеме, а патем и не кошта ништо да се проба. Дури и ништо да не се смени, нема да бидеме во полоша ситуација од сегашната, али ќе знаеме дека сме пробале да направиме нешто заеднички

За на крај ќе ве оставам со зборовите на еден голем државник од 20ти век

„Не прашувај што може да стори твојата земја за тебе, туку што можеш да сториш ти за твојата земја“

За жал овој државник беше убиен пред 50 години од свој сограѓанин. Се надевам дека истото нема да се случи денес со нашиот претседател

Да живее Македонија