Дали се исплати да работиш во твоите фирми [dDejan]

Day 2,089, 04:31 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan

Здраво еМакедонијо !

Најверојатно веќе сте запознаени со новите измени кои ги воведе Плато. На кратко од денес има нов данок кој го плаќате на државата и кога работите во своите фирми. До сега се плаќаше само данок кога имате некој вработен, ама од сега се плаќа и кога работите сами.

Сумата која се плаќа зависи од просечната плата во земјата за последните 30 дена и таа сума може да се види на страната со информации за економија (најдолу)



Значи моментално просечна плата е 10.25 МКД, а данокот за работа во било кој тип фирми е 20%



Тоа значи дека кога работите во некоја од своите фирми, плаќате данок на државата од 2.05МКД за секоја своја фирма во која работите

Бидејќи овој данок е доста висок, повеќе не се исплати да работите во некои од своите фирми. Со тоа што ќе работите во некои од овие фирми, на крај уствари трошите пари (кои одат на државна сметка) наместо да заработувате



Исплатливост за работа во фирмите за суровини


За да пресметаме дали се исплати да се работи во своите фирми ги користиме овие вредности
Просечна плата - 10.25
Данок на работа - 20% (2.05)
Цена рав храна - 0.02
Цена рав железо - 0.04

Во оваа табела е прикажано дали се исплати да се работи во фирмите за суровини



Како што гледате воопшто не се исплати да се работи во Q1 и Q2 фабриките за ресурси за храна и во Q1 фабриките за ресурси за оружје.

Овие се малку оптимистички пресметки, бидејќи и сами знаете дека некогаш не може да се продадат суровините по 0.02 и по 0.04, па така некогаш тие цени се спуштаат на 0.01 на суровини за храна, и 0.03 за суровини за оружје. Ако ги направиме пресметките по тие цени, тогаш исплатливоста изгледа вака



Значи ако ги продавате суровините за храна по 0.01 не се исплатат ни Q4 фирмите, а ако ја продавате суровината за оружје (weapons raw) по 0.03, тогаш не се исплатат Q1 и Q2 фирмите за суровини.


Исплатливост за работа во фирми за храна/оружје

За премеската за исплатливост во фабриките за храна и оружје, ги користев цените за храна и оружје во моментов. Нагласок, цените за храна и оружје со квалитет од Q5 до Q7 варираат премногу секој ден, така да тие информации се валидни само за моментов.

Во пресметката, цените за суровини за храна и за оружје се 0.02 и 0.04 соодветно



Од табелата се гледа дека ако работите во Q1 и Q2 пекарите, тогаш одите во загуба, а со Q3 има минимална заработка од 0.36

Во фабриките за оружје од Q1 до Q3 одите во загуба, а со Q4 фабрика има минимална заработка од 0.64 МКД.