Политичката ситуација во еМакедонија [dDejan]

Day 2,065, 16:15 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan

Здраво еМакедонијо !

Од денеска сум претседател на една од поголемите политички партии, па во знак на благодарност на довербата која ми е дадена, чувствувам одговорност да напишам ред-два за ситуацијата во која се наоѓаме.

Политичкиот модул во играва е организиран така да можат само партиите кои се во ТОП 5 по бројност да учествуваат на конгресменските (парламентарни) избори. Па така партиите кои се во ТОП 5 ја кројат политичката судбина на земјата. Во идеални услови овој модел е добар затоа што е заснован на идејата дека партиите со најдобри програми ќе соберат најмногу членови и тие треба да ги носат државните одлуки. Но за жал реалноста е друга и пред да го спомнам моето мислење, погледнете ја моменталната ситуација (ден 2,065) со ТОП 5 партиите во Македонија.



Значи во моментов партиите од трето до шесто место ги делат само триесетина гласа. А таква е ситуацијата и во претходните 2 месеца со тоа што Револуционерната партија и двата месеци заврши на 6то место со некои 3-4 членови помалку од петто пласираната партија.

Не знам дали сум во право, ама мислам дека деновите пред конгресменски избори се играат нечесни игри и тоа поткупување членови од конкурентските партии и креирање мулти акаунти. Разликата во членство е стварно мала а со тоа и мотивацијата да се игра нечесно се зголемува. Како претседател на револуционерната партија не ги подржувам ваквите мерки и не сакам да се „борам“ на тој начин по цена и да не учествуваме повторно на избори.



Меѓутоа, целта на статијава не е да покажувам со прсти кон некого и да обвинувам туку да најавам дека ќе се обидам да внесам малку живот во политичката сцена во еМакедонија со тоа што ќе отворам неколку јавни дебати за теми поврзани со еПолитиката. За да не ја правам оваа статија непотребно долго, само ќе ги најавам темите за кои сакам да отворам дебата а тоа се Македонската Армија и обврските на партиите кон државата.

За тие вредните што успееа да дочитаат до овде, мини наградна игра.



Првиот што во коментар ќе пише кој е македонецот на горнава слика, добива 10 Q7 тенкови.