[DarkoDimovski1]Кандидатура за претседател

Day 1,835, 15:31 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво Македонијо,


Конечно дојде време да ја претставам и мојата втора кандидатура за претседател. Веќе подолго време се двоумев дали да идам за претседател, или пак, по своја волја ја откажував претходно најавената кандидатура за претседател изминатите 2-3 месеци за да помогнам во воздигнувањето на еМакедонија и враќањето на еМакедонија на вистинскиот пат преку моите пријатели, тука на играва помагајќи им пред се на дипломатски пат.

Што имам за цел да создадам во следниот месец доколку бидам избран за претседател на еМакедонија?

За цел имам да создадам една добро организирана држава, која ќе се темели пред се на слогата и сплотеноста на еМакедонците, а воедно и политички добро изградена држава каде што држава ќе бидат токму граѓаните на еМакедонија. Би се базирала на неколку принципи и би се спроведувала според одредена агенда, создадена од мене и мојот тим.
Пристап до таа агенда ќе имаат сите граѓани на еМакедонија и ќе им биде овозможено да коментираат дали им се допаѓа односно дали не им се допаѓа планот за наредните денови во мојот мандат.

Мојата кандидатура, пред се ќе се темели на добрата организираност на еМакедонија на политички,образовен и воен план. Со моето искуство во оваа игра научив многу работи, односно научив кога и како треба да се претстави човек на играва и како треба да изгледа еден добар и одговорен еПретседател на една држава.
.
Како изгледа мојата визија за армијата на еМакедонија?

еМакедонија е една од ретките држави која сеуште нема добро организирана армија, а со тоа нема армија спремна во секое време да удри во најкритичното време во секоја рунда, во секоја битка.
Ќе се организира цивилна единица, или пак, веќе ќе се земе постоечка цивилна единица каде што командир ќе биде токму Министерот за внатрешни работи.
Зошто би се направило тоа?
Министерот за внатрешни работи е човекот кој ја има контролата врз битките. Тој, како поедининец ќе биде одговорен за насочувањето на штетата на право место од цивилите, и ќе биде човекот кој ќе биде задолжен за планирањето на воените тактики за време на мојот мандат доколку бидам избран за претседател.

Ќе се организира таа државна армија, но овојпат ќе бидам јас како претседател задолжен за неа. На кого не му се допаѓа идеата за државна армија, може слободно да продолжи да биде дел од својата паравоена единица.
Уште од старт напоменувам дека АРМИЈАТА ќе се создаде, па доколку некој има против таа моја идеа може слободно да го даде својот глас за другите кандидати за претседател кои ја немаат точна напоменато во својата кандидатура за претседател.

Како ќе се организира таа државна армија?

За почеток, би се започнало по овој принцип, односно би членувале играчи кои ќе бидат најактивни на играва без разлика во која политичка партија членуваат.
10 играчи од D1
15 играчи od D2
25 играчи од D3
50 играчи од D4

Минималецот кој би го земал еден член на државната армија би бил следниот:
3 q7 тенка за D1
6 q7 тенка за D2
10 q7 тенка за D3
13 q7 тенка за D4


Паравоени единици

Паравоените единици истотака ќе зимаат рефунд, но овојпат би земале рефунд во тенкови, не во пари.
Секој член од паравоената единица колку испука, толку тенкови ќе му бидат вратени.


Министерството за надворешни работи

Ова министерство ќе го контролираат луѓе кои се запознаени со работата и веќе имаат искуство во работата. Веќе напонемав дека ќе има агенда, а во агендата ќе ги има плановите на еМакедонија.
Ќе се залагам пред се одржување на добриот однос со членките од сојузот CoT, продолжување на договорот со Србија & Унгарија и можни МПП со 3-4 држави за кои е сеуште рано да се шпекулира и да се ставаат имињата на државите во мојата кандидатура.

Министерството за економија и НБРМ

НБРМ лично јас ќе ја контролирам, и лично јас ќе издавам неделни билтени со потрошените пари за рефунд и останатите поделби.
Password до оваа организација ќе има има само 1 човек, односно министерот за економија.
Министерството за економија на неколку дена ќе распишува тендери за откуп на големо количество тенкови, односно тој што ќе ја има најмалата понуда ќе го добие овој тендер и ќе му се откупат тенковите.


Министерствата за Здравсто, Информирање и Образование истотака ќе функционираат. Ќе се продолжи со поделбата на лебови, со информирањето на народот за новите промени и ќе се информираат новите бебиња за играва.


Секој кој што сака да биде дел од мојот тим може да ми испрати порака и да ми каже во кое министерство сака да учествува.

Со сета почит
DarkoDimovski1


[DarkoDimovski1]Кандидатура за претседател
http://tinyurl.com/brcjo5r