[DarkoDimovski1]Кандидатура за Претседател!

Day 1,526, 12:20 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1

Пријатели, Команданти и Политичари, Интелектуалци и Работници, Браќа и Сестри, денеска ви се обраќам за да ви ја објавам мојата кандидатура за претседател.

Имам еден сон кадешто сите Македонци ќе станат еднакви. Без оглед која функција ја вршат, без разлика колку компании поседуваат и без разлика колку години имаат ќе бидат дел од ова Македонско обединување!

Имам еден сон, и верувам дека тој сон ќе ми се оствари. Причината која се кандидирам за Претседател на Македонија е бидејќи сакам да и помогнам на еМакедонија да се искачи повторно на ВРВОТ, повторно да биде СТРАВ И ТРЕПЕТ за секој противник и притоа никој да не ја потценува!

Сите ние ја сакаме Македонија и верувам дека сите заедно ќе можеме да ја донесеме повторно на местото каде што припаѓа!! На Македонија и треба тим со визија и пред се посветеност кон работата! Тимот нема да го објавам во оваа статија и би сакал да ги повикам сите оние коишто имаат повеќе време да ми помогнат во мојата намера да ја вратам Македонија на ВРВОТ!


Статијава ја објавувам порано од очекуваното бидејќи до крајот на месецов ќе имам премногу работа за на 5ти да можам целосно да и се посветам на мојата работа:

Би сакал да ви ги објавам моите цели за наредниот мандат:

Армијата на еМакедонија:

После неколку неуспешни обиди за рефундот, после неколку неуспешни обиди да имаме организирана војска конечно се дојде до решение за тоа како да имаме функционална војска во секое време! Како МоД веќе 6 месеци сум целосно запознаен со целата ситуација околу војската и можам слободно да кажам дека ВОЈСКАТА функционира одлично и дека треба да се продолжи со тоа темпо! Јас лично ќе поставам луѓе на таа функција во коишто имам најголема доверба и пред се голема соработка!Верувам во нив и знам дека нема да ме разочараат!

Во следниот месец ќе се заангажирам за создавање на Цивилна единица подржувана од Претседателот којашто ќе добива рефунд од државата од 2 до 3 пати дневно за опремување и јачање на цивилите!

Истотака би сакал да им се обратам а воедно и ги замолам повлијателните луѓе во македонските медиуми коишто можат да помогнат и да се обидат да направат Бејби Бум за да ја зголемиме еПопулација во Македонија! Ќе поставиме луѓе коишто ќе можат да им помогнат и да ги упатат понатаму во играва!

Истотака доколку тој бејби бум успее би сакал да ги замолам играчите коишто можат да ги издржуваат новите бебиња со тенкови и со храна да го направат тоа бидејќи секаква помош ќе им биде добредојдена и верувајте ми понатаму ќе знаат да го ценат тоа!



Истотака имам за план да ги подобриме односите со Сојузниците и со Неутралните земји со пишување на статии и праќање на војска за помош на нашите верни сојузници и пријатели! Сојузништвата ја градат играва! Ајде да ги вратиме нашите сојузништва во полн сјај! Заедно сме посилни во тоа!! Во МоФА тимот истотака ќе ангажирам луѓе коишто целосно ќе се посветат на својата работа и ќе ми помогнат да ја однесеме Македонија на местото: ТОП1 Сојузник!



Во економскиот сектор нема многу да должам бидејќи искрено не сум некој Економиста и не се разбирам премногу од Економијата! Затоа Економијата ќе ми ја раководат 3ца луѓе Економисти во РЛ живот и ќе се обидат на секој начин да ја доведат Економијата на Место иако сите знаеме дека Админите ја контролираат! Тие 3ца ќе ја раководат НБРМ и ќе се се обидат на секој можен начин да ја наполнат!



Во мојот мандат повторно ќе го активирам Министерството за Здравство кое ќе биде наменето ИСКЛУЧИВО ЗА ЦИВИЛИ и за БЕБИЊА! Во текот на една недела цивилите и бебињата ќе имаат можност да го посетат каналот на ИРЦ двапати и ќе можат да аплицираат за помош! На каналот ќе се дели леб за тие коишто не можат сами да се издржуваат! Сите коишто имаат намера да помогнат во ова министерство слободно нека ми се обратат! Се објавува конкурс за ова место во самата Кандидатура на претседателот!


Тимот со којшто ќе работам ќе го објавам во мојата наредна статија!


Да живее Македонија!!



Кандидат за претседател на Македонија:
DarkoDimovski1


За крај ќе ве замолам за шаут:

[DarkoDimovski1]Кандидатура за Претседател!
http://tinyurl.com/7rujpbt