Кандидатура за конгресмен! [dado.MKD]

Day 2,310, 04:36 Published in North Macedonia North Macedonia by dado.MKD

Добар ден на сите!

Како што гледате се кандидирав за конгресмен да станам по втор пат, преку Macedonian Order - United Party.

Се надевам дека е-Македонскиот народ ќе гласа за оваа партија и според претседателот на партијата ќе бидам повисоко поставен на листата и ќе бидам избран за конгресмен.

Бев веќе еднаш конгресмен, во времето кога прецедател на е-Македонија беше BucephalusIII. Мислам дека моето искуство од тогаш ќе можам да го применам сега и да помогнам до носењето на новите закони кои ќе ги гласам со помош на народот. Ќе бидам подготвен да ги примам сите предлози од останатите е-Македонци кои ќе бидат наменети за подобра е-Македонија и како понатаму.

Доколку мислите дека ми е до златото, еве доколку станам конгресмен ќе направам поделба со + 5 златника од мене и 5 од медалот со тие 10, ќе купам храна и ќе ги поделам!

Среќно на сите кандидати и за крај сакам да го пофалам Phantom MKD кој се покажа како вистинскиот човек за е-Македонија во овие тешки денови!