Чудото од Македонија, Македонска Армија! [dado.MKD]

Day 2,011, 03:23 Published in North Macedonia North Macedonia by dado.MKD

Епа вака драги Македонци, прво добро утро, ден, вечер, ноќ.

Ова чудо кое го освои светот изманативе неколку дена е истакнато најмногу од одличната комуникација, верност и слога помеѓу Македонците. Со овој успех докажавме дека како народ, Македонски, сме сложни и неделиви кога е во прашање татковината.

Сега одкако заврши натпреварот со единиците, сите се распрашуваат дали треба да се враќаат во матичните единици...но, зошто?

- Зошто да не останеме сите во оваа „Македонска Армија“ и да бидеме непобедливи.
- Зошто да се поделиме, да бидеме слаби, да има натпревар меѓу нас, Македонците.
- Зошто да не се соединиме и да бидеме она што треба, да не памтат како силни „лавови“ кои се борат за татковината сложно.

Еве и неколку факти што покажуваат дека треба да останеме во единицата.

• Доколку останеме во истава единица ќе имаме сите иста дневна задача, нема да има исклучоци и предавници кои ќе ја продаваат својата „штета на единицата“ за голд, тенкови или слично..
• Вака нема да има исклучоци ако има рефунд од државата. Сите ќе бидеме во истата единица и ќе се подели само на неа, па потоа на сите членови од единицата.
• Зошто да се делиме, кога веќе покажавме и докажавме дека сме сложен народ и дека заедно сме посилни од сите.

• Со ова на сликата има сеуште медали кои треба да ги земеме, највероватно за брзо време ќе има нови натпревари па затоа да останеме во оваа МАКЕДОНСКА АРМИЈА!

СЛОЖНО ДО КРАЈ ЗА МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНЦИ ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ЗОШТО Е ПОДОБРО ЗА НАШАТА МИЛА ТАТКОВИНА!


Останете поздравени и уживајте во наградите од натпреварот.
За извик/shout:
Чудото од Македонија, Македонска Армија! [dado.MKD]
http://www.erepublik.com/en/article/-dado-mkd-1-2265580/1/20