Вицови :D

Day 1,545, 09:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Toniey


Виц 1

- Мамо, бремена сум! - Што??? Не ли ти реков дека ако некое момче се обиде да те фати за гради да му речеш НЕ, а ако некој те фати долу да речеш ЗАПИРАЈ! - Да, но тој почна да ме фаќа на двете места и јас велев: НЕ, ЗАПИРАЈ, НЕ, ЗАПИРАЈ...



Виц 2

После семеен скандал жената му вели на мажот:
- Сакам да дојде Господ и да ме прибере!
- Да, да, Господ не е луд како мене!



Виц 3

Прашање:
Ако се запознаете со девојче преку интернет, треба ли да му плаќате авторски права на татко и или само ако ја споделите со пријателите?



Виц 4

Доцна после полноќ, ѕвони телефонот, а мажот и вика на жената:
Јави се и ако е за мене, кажи не е тука!
Жената: Ало, да дома е!
Мажот: Глупачо, ти реков да не кажуваш дека сум дома!
Жената: За мене беше.



Виц 5

Се враќа мажот дома и и вика на жената:
Жено јас дојдов, и ти донесов Андол!
Жената: Хаха, зошто им е Андол...не ме боли главата?!
Мажот: Е тука те чекав...соблекувај се веднаш!



Виц 6

Жена доаѓа дома порано од работа и го затекнува својот маж во кревет со малолетничка. Целата избезумена почнала да вика по него и да го пцуе со најгрди пцовки и клетви. Мажот ја прекинува и и вели:
- ДОСТА, ЗАСРАМИ СЕ....Како можеш да пцуеш пред детево.



Виц 7

Маж веднаш после свадбата својата сопруга во мобилниот телефон ја меморирал како МОЈОТ ЖИВОТ.
После 1 година ја преименувал како ЖЕНА МИ.
Полсе 3 години ЦВЕТА.
Полсе 5 години ДОМА.
После 7 години БАБА РОГА.
После 10 години НЕ КРЕВАЈ



Виц 8

Татко го праќа својот син во аптека да му купи презервативи а тој останува да го чека во дворот. Синот оди во аптека и додека купува презервативи таму била нивната комшивка која го слушнала и видела што купува. Пред да влезе дома комшивката го здогледала соседот кој седел во дворот и го чекал синот и му рекла: Абе комши, твојон син изгледа влезе во пубертет!
Таткото: ВО ПУБЕРТЕТ! Е м... негова...само нека се врати јас во аптека го пратив.



Виц 9

Некој човек се изгубил во пустина, дехидриран и изморен сретнал бедуин и го прашал:
- Каде можам да најдам вода?
А бедуинот му одговорил:
- Одиш во овој правец право и во петок вртиш лево.



Виц 10

Отишла некоја гола жена во кафич,седнала на шанкот и му порачала на келнерот една Кока Кола. Келнерот и донел Кока Кола но погледот од неа никако да го тегне. Девојката ја испила Кока Кола-та и повторно нарачала. Келнерот повторно донел, но погледот никако да го тргне од неа. Девојката се напила и од втората Кока Кола и по некое време му се обратила на келнерот:
- Добро бе дебил еден, немаш видено гола жена?
- Сум видел!
- Не си видел гола жена признај!
- Абее сум видел!
- Епа што ме гледаш тогаш, а?
- Те гледам и се чудам од каде ќе извадиш пари за да ми платиш.



Виц 11

Сообраќаец запира пијан возач кој вози во погрешна насока во еднонасочна улица.
- Каде си тргнал?!- му вика налутено.
Пијаницата:
- Немам поим, хик, а и онака сум задоцнил, гледаш дека сите веќе се враќаат!



Виц 12

Разговараат двајца затвореници:
- Зошто си в затвор?
- Скршив прозорец на работа.
- Колку години те казнија?
- 20 години затвор.
- Лелееееееее 20 години за прозор кршење, па добро кај работиш ти?
- Во подморница!



Виц 13

Наркоман влегува во аптека и и вика на аптекарката: Еј мала дај ми нешо најјакичко шо имаш да ме тресне од земја!
Аптекарката: Извинете, имате ли рецепта?
Наркоманот: Злато да имав ја рецепт дома ќе си напраев немаше да идам овде.



Виц 14

Едно истражување покажало дека невработените луѓе од спортовите најмногу се интересираат за кошарката.
Социјалните работници и волонтерите најмногу се интересираат за куглањето.
Работниците на лента најмногу се интересираат за фудбалот.
Надзорниците најмногу се интересираат за тенисот.
Директорите и менаџерите најмногу се интересираат за голфот.
Заклучок:
Колку си на повисока позиција, толку топчињата ти се помали.


Ако се насмеавте дајте по еден SUB VOTE AND SHOUT