МАЛА ДОЗА ХУМОР :D VOL.2

Day 1,208, 17:20 Published in North Macedonia Greece by GeoSainnt

Помина некое време одкога написшав неколку вицови време е за нова тура

Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: - Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле...
Србинот: - Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: - Договорено.
Гркот: - Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: - Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
- Дали ѕидот е водоотпорен?
- Да, одговорила рипката.
- Полни!

Мујо уловил мечка.
-Како ја улови?-го прашува Хасо.
-Лесно,пукав стотина пати...
-Колку пати ја погоди?-прашува Хасо
-Ниту еднаш...умре од смеење... 😉

Заглавил Цветко во кафеана мортус пијан.
Му приоѓа келнерот.
-
Господине, јас се извинувам ама ние мора да затвориме.
- Многу ви
благодрам, ме утепа промаја!

Стојат 2 деца пред црква и гледаат млад брачен пар кој штотоку се венчале.
Едното дете му вика на другото.
-Гледај сега паника!
Оди до младоженецот и му вика:
-Здраво тато.

Учителка држи курс по историја на 20 плавуши. Прво прашање:
- Каде се наоѓа Америка?
Маја, една од плавушите станува и ја покажува на картата.
- Браво!
А кој ја открил Америка?
19 плавуши во еден глас одговараат:
- Маја!

Пишувала наставничката со десната рака по таблата кога малиот Перица како од топ викнал: Наставничке, под десната мишка имате влакна!

Наставничката се налутила: Простак еден, што има ти да гледаш таму. Собери си ги парталите и одма дома, не сакам веќе да те гледам денес.
Си отишол Перица и доаѓа на училиште наредниот ден.
Наставничката во еден момент го зема сунѓерот во левата рака и ја брише таблата, а

Перица: Наставничке, и под левата мишка имате влакна...

Грррр..простак еден, собери се и марш дома, не сакам веќе да те гледам до крајот на неделава. До понеделник не ми се појавувај пред очи!!!

Си отишол Перица па се враќа во понеделник.

Наставничката пишува на таблата, а Перица пристојно се воздржува од коментари, кога во еден момент на наставничката и паднала кредата. Се наведнала по кредата, а се наведнал и Перица...

И почнал да си ги пакува книгите и тетратките во чантата.

Го прашува наставничката: А каде се спремаш ти?

А Перица: Како што стојат работите, се гледаме следното полугодие...

ТОА БЕШЕ СЕ НАРОДЕ

ЗА СУБ ДА НЕ ВЕ МОЛАМ ЗНАЕТЕ ШТО ДА ПРАВИТЕ 😃