-БЕЈБИ БУМ на МАКЕДОНИЈА- Конкурс за банер ! [CrowdyBoY ll]

Day 2,049, 07:23 Published in North Macedonia France by Kabasshii

Здраво еМакедонијо.

Како што знаете пробуваме на секој можен начин да доведеме свежа крв на играва,со цел да имаме по некој играч во Д1 кој подоцна ќе оди во погорните дивизии.

Со таа цел направивме блог,побаравме од вас да ја објавите статијата од тој блог за да дознаат и вашите пријатели за оваа игра. Резултатот беше депресивен,но сепак ние не застануваме овде. Денеска распишуваме конкурс за банер.

Поточно ни требаат 2 банери.

Првиот банер треба да биде наменет за блогот,односно да го содржи името на играва и да има напишано еМакедонија. По можност да има и некој војник во позадина,оставам на учесниците да направат нивни изработки. НО,да не бидат пре-едноставни.

Вториот банер ќе биде наменет за поставување на други страници,за помош на бејби бумов. Добив информации од 2-3ца играчи дека можат да се потрудат да се постават банери на веб страни,се со цел да се доведат нови играчи на играва.

Победникот на 2та конкурса ќе биде награден со 50 к7 тенкови. Доколку е ист победникот на 2та конкурса ќе добие 100 к7 тенкови.

На еМакедонија и треба помош,помогнете и ВИЕ !