[carlixxx] РЕГРУТАЦИЈА

Day 1,202, 12:15 Published in North Macedonia North Macedonia by carlixxx
Добровечер Македонијо!

Денесека во раните утрински часови нашата единица АЛФИ го официјализира своето постоење и стана првата официјална Македонска воена единица со свој личен воен профил.Профилот беше креиран во 2 часот по полноќ а веќе во 3 беа поднесени сите 50 апликации
Имавме мал дефицит од ударна моќ но во текот на денешниов ден нашата ударна моќ ја зголемивме за 70 проценти.Сега слободно можеме да се пофалиме дека за само две недели од нашето постоење располагаме со доста солидна инфраструктура во каја спаѓаат 2 компании со Q4 квалитет и 4 компании за суровини.Единицата брои точно 50 членови со просечна сила 1000.
Штетата која може да ја направи целата единица со 300 здравје со Q5 оружје изнесува околу 600 000.
Значи за тој краток временски период конечно ја завршивме првата фаза и веднаш поминуваме на втората фаза РЕГРУТАЦИЈА.

Во план е регрутирање на 50 регрути кои исто така ќе работат во новите компании на единицава кои се отворени специјално за таа намена.
Условите кои треба да ги исполнуваат идните регрути се активност,дружељубивост и солидарност.

На секој кој првото прашање кое би го поставил би било ,,Што ќе добијам јас од единицава?,, би сакал уште веднаш да му порачам да не си го губи времето и да си продолжи со играта како и до сега.
А оној кој првото нешто кое би го помислил е ,,А што можам јас да придонесам за развиток на мојата единица?,, е добредојден и вратите му се широко отворени.
Секој би требало да знае дека ниту нашата а ниту било која друга воена единица не е место на кое би остварувал дополнителен профит.Ако на некој му е до профит може слободно покрај активноста во единицата да си брка и приватен бизнис и на тој начин да остварува профит.

Сите вие кои сте заинтересирани за влез во нашата единица АЛФИ пополнете го овој формулар https://spreadsheets.google.com/viewform?formkey=dER4S1lWMVlzcFZQblVJaUxxZG1aNEE6MQ

Аватар на единицата