[Boban_M] Кој е во ќар од новите промени !!!

Day 1,680, 13:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski
Дојде промената и се изначитав се и сешто во однос на новата промена. Дали се исплаќа, дали не и разно разни други муабети, па реши и чичко Бобан да напише 2-3 реда.

Оваа анализа земете ја ве молам со резерва во однос на конкретните бројки.

Ќе тргнам од мојот профил заради пресметките, а верувам ќе се пронајдат и многу други играчи од 4 девизија.

За оние што бркаат БХ во 3-4 денови еднаш со барови од ДО:

За да направам јас една ракета q4 со 1 милион штета според некои “нормални” цени би ме чинело околу 4 злато.
Ако, значи само ако фатам БХ во ќар сум 1 злато. WTF

Ако бркате на пример CH. Ќе ја чувам базуката од денес, ќе ја испукам утре. Ќе направам вкупно 2 милиони од ракети + еве да речеме и 2 милиони од цел ден пукање со ФФ и вкупно би имал 4 милиони. Треба да си Сречко Катанец да начекаш битка каде со 4 милиони ќе фатиш ЦХ.

За оние што тенкаат чат-пат:

За да “изтенкам” јас 1 милион мене би ми требале 8 барови. Да ги купам без попуст би ме чинело 31.2 злато (купен пакет од 10 барови). Со базука мене тоа би ме чинело само 4 злато.
Да, ако планираш да тенкаш само 1 милион, тогаш секако се исплаќа.

Но што е со оние кои се супер тенкаши, на пример како Шиме. На него мање више би му требале 6 бара. За еден милион испукан би го чинело 23.4 злато. Значи 20 злато помалце ќе плати ако ја искористи ракетата.
Да, но ако тенка само 1 милион.

За 20 милиони него би му требале 468 злато, така да тие 20 злато се семки за грицкање.

Незнам за другите девизии, но за IV девизија според мене правењето на Ракетен центар и давање на 112 злато е апсолутно НЕисплатлива работа.

Според мене Плато го направи ова само со намера да може дополнително да се троши злато и да се изградат нови компании посебно Q3 и Q4 за оружје.
И НИШТО ДРУГО.

Пазарот за q1, q2, q5 и q6 ќе се нормализира многу бргу. Првите две ќе го заситат бебињата, а од вторите две секако има во големи количини во оптек.

После пак кажете дека Плато бил глуп.

Ќе се потрошат сите залихи на злато што за Ракетниов центар што за нови компании и за неколку месеци пак ќе внесе промена со која ќе ги обезвредни и компаниите и центарот исто како што направи со q6 компаниите со лимитирање на бројот на работници.

Абе понекад стварно си викам у себе: - Плато, абе секоја ти чест. Значи како знаеш да ни го набуташ на задња врата и како знаеш да си направиш паричка....ти нема рамен. Бравос !!


Само за една работа е добра ракетата, а тоа е ПРЦ !!! 😃

.