[Boban_M] Дојде Плато пак по АРАЧ !!!!

Day 1,532, 17:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Нашиот народ во принцип се плаши од промени, башка и тоа што ние сме у мрчење понекад и бетер од Италијаните.

Ако е зима, сите мрчат и викаат: - Ајде бе кога ке дојде лето аман, измрзнавме. Ајде ќе дојде лето и ги слушаш: -Ајде бе, кога ќе дојде зима да залади малце, ова не се издржува више у к..ц !!

Како и да е, да се вратиме на промените од денеска и наместо да кукаме, дајте да разбереме која е суштината на промените.

Понекогаш од лисјата на дрвата не можеме да ги видиме гранките, така е и со денешниве промени. Во прв план е шминката на Плато за полесно менаџирање на работниците, но како што ќе видите подолу, суштината е елиминирање на единствениот начин на заработка на злато во рамки на играва.

Денеска излегоа неколку статии за промениве:

Промени -Ден 1523 [Дедо Мраз]
http://www.erepublik.com/en/article/-1523-1957208/1/20

[Acezuti] Анализа на новите промени

http://www.erepublik.com/en/article/-acezuti-1-1957491/1/20

[lazarosaMKD]
http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-1957550/1/20


Промените се тука и ние како такви НЕ МОЖЕМЕ да ги менуваме туку само можеме да се прилагодиме. Во продолжение јас сакам да дополнам некои работи:

DW (day work) во тенкарите.

Сите сме свесни дека веќе не можеме да правиме DW во тенкарите, но муабетот ми е какви импликации тоа ќе има во целост:

Од перспектива на газдата:

Не може повеќе да вработува над дневниот лимит, а со тоа и не може повеќе да заработува за бустери (ако се сака со сите бустер, ќе игра картичката, бидејќи DW-то беше единствен начин за заработка).

Од перспектива на државата:

- Ќе се намали понудата на q6 тенкови на пазарот, а тоа ќе резултира или со зголемување на нивната цена или со покривање на недостигот со увоз

- Мислам дека цената на сировините за оружје ќе остане иста со можност за намалување. До сега сите сировини ги црпеа q6 тенкарите со DW . Бидејќи тоа веќе не е возможно, вишкот ќе мора да го апсорбираат сопствениците на q5 тенкари.

- Ќе им се даде можност на луѓето со q5 тенкари да можат да вработуваат работници (бидејќи сопствениците на q6 тенкари се малку и со исполнување на нивните квоти за денот, тие нема да можат да имат понуди на пазарот)

- Цените на q5 тенкови, дополнително ќе се намалат (бидејќи многу се на број)

- Платите ќе осцилираат и ќе имаат 2 лимити (еден за исполнување на q6 тенкарите и вториот за исполнување на q5)


Што се однесува за Мonetary Мarket, според мене ќе има осцилирачко движење.

Во наредните неколку дена, златото мислам дека ќе се качи, токму поради неговото откупување за правење на гумари за 35 злато, посебно од најбогатите граѓани. Кога велам гумари, мислам за просторот 4 работници што ќе го даваат тие.

На среден рок, мислам дека ММ ќе се стабилизира со можност за намалување на вредноста на златото. Ова го велам поради причината од не можноста на DW практикантите да откупуваат по 10 злато секој ден, директно од ММ.


Треба да ни е јасно една работа, дека секоја покрупна промена што алкохоликот Плато ја донесува е со единствена намера: - да го собере преостанатото злато се со цел да можат да играат кредитните картички.

Веќе сме навикнати на алчноса на Плато, така да веќе ништо не не изненадува.





Да сте ми живи и здрави сите!!!