[Boban_M] КАКО ДА ДОБИЕМЕ ЕДНА ВОЈНА !!!

Day 1,518, 09:41 Published in Serbia North Macedonia by Boban Mitrovski

Нема сега јас нешто да измислувам топла вода, бидејќи сите овие работи што ќе ги напишам му се познати скоро на секого, меѓуто убаво е да се потсетиме.

Во што би се состоела стратегијата за добро водена војна:

1. Информација Инфомација Информација

За мене Е најбитната работа во водењето на државата. Вие можете да се утепате од работа и од координација меѓутоа ако вие за тоа не ја запознаете јавноста, бате исто е како ништо да немате сработено. Претседателот мора да излезе со статии, постојано, дури и тоа да се само неколку реченици. Со тоа на народот му се зголемува моралот како и довербата дека некој се грижи за државата.

2. Координација на воените единици и цивилите.

Ако веке е зацртано дека ќе се ослободуваме во еден ден. Мора сите единици преку командирите да бидат информирани и да се знае која единица кога ќе може да удри и да даде свој допринос. Тука мора да се инволвираат цивилите, да се напише кога ќе се дели за нив и каде можат да земат опрема.

3. Координација со сојузниците и ОНЕ

За ОНЕ веќе напишав во мојата претходна статија и во 2 мандати се уверив дека тоа е прав башибозук. Сите од постојните членови се во состојба што кај нас е позната како “Кур ми е, Двор ми е”.
Разбирам дека не може да се очекува некоја поголема помош од #tauro или на некој од другите канали, меѓутоа може да се сретнат од време на време Претседателите и МоД тимовите од другите држави со кои може да се стапи во контакт. Може директно со нив да се преговара, кога и во која мерка можат да пратат единици и да помогнат.

4. Платеници

Платениците имаат клучна улога за да се добие една битка. Имате Полски, Унгарски, Турски, Ирански единици кои што во секој момент можат да ви кажат колку и кога можат да удрат за одредена надокнада во тенкови. Направете план и распоредете ја правилно нивната штета. Поделбата на каналот #podelba за странци до сега одлично функционира и тоа до сега се покажало 100 пати.

5. Тенкови

Ќе се стапи во контакт со сите наши тенкови и ќе се договори кога ќе можат да удрат заедно или во групи. Еден тенк и да удри 50 милиони во битка можеме да ја изгубиме битката но ако удрат 3 тенкови по 2 милиони во право време битката може да се добие.
Повикајте ги тенковите на посебен чат и пратете шоут за сите други кои можат да удрат над 2-3 милиони да им се придружат.

6. Востанија

Еве само како пример. Во Турција можат да се кренат 4 востанија во исто време. Во секое востание на Турците да им отидат по 10 милиони, тоа се 40 милиони. Тоа се драги мои 40 милиони помалце штета против нас. Ако е веќе ден на ослободување, државата и да даде 40 голд е ништо во споредба со 40 милиони штета.
Не смееме да дозволиме како вчера, Турција нашата омилена држава, да се остави со едно мочано востание во Дубаи цел ден.


Со статијава не сакам никого да плукам ниту да навредувам бидејќи тоа да го правиш е најлесната работа на свет.

Бев два мандати директно инволвиран во водењето на државата и знам колку време, нерви и посветеност е потребна за да се врши работата како што треба.

Предлог до сите гарнитури:

Не е проблем да потрошите и 10 000 тенка меѓутоа проблем е ако Јас не знам на ШТО се потрошени.

Луѓе, давајте информации, запознајте го народот со тоа што го работите.

Давајте отчет, давајте извештаи каде и на што се потрошени народните пари.

Со тоа ќе ви се зголеми кредибилитетот кај народот, а друга страна и вие ќе можете многу полесно да си ја вршите работата.


Да сте ми живи и здрави сите !!!

Напред за слободна Македонија !!!