[Boban_M] ЕДЕН ЗА ЕДЕН, СИТЕ ЗА НИКАДЕ !!!

Day 1,506, 16:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski
Поздрав драги Македонци!!!

Ми текнува пред едно десетина месеци кога за првпат ја нападнавме Грција за да си ја вратиме Егејска Македонија. Таква еуфорија, таква сплотеност, таква детерминираност немав видено од македонскиот народ.

Денеска после 10 месеци, за првпат го доживеав тоа во битката против Турците.

Горд сум, што пишува под мојот аватар: Citizen of Republic of Macedonia.

А сега малце да продискутираме за една друга работа и да пробаме да направиме една анализа на ситуацијава наша.

Прво да почнеме од ОНЕ.

Во 2 мандати можев да присуствувам на ОНЕ каналот и имав можност со свои очи да видам, како функционира.

Еве ова се случува на ОНЕ каналот повеќе од времето:

…………………………………
…………………………………
…………………………………

Ништо !!

На каналот #tauro (официјален канал на ОНЕ) ти е брате, жива ТАПА. Скоро секој од постојаните членови е idle или не го интересира ништо!!

Од време на време ќе влезе некој да вика ПОМОШ ПОМОШ, и тоа е тоа.

Нема никаква стратегија, нема никаков приоритет и секој си тера онака како што му е ќеиф.

Ако сакаш да добиеш некаква помош од сојузниците, мораш добро да стоиш или лично да ги знаеш Претседателите или Модовите од другите земји. Само така можеш да замолиш да пратат помош.

Јас НЕ сум за уништување на ОНЕ, јас сум само за длабока реформа, каде ќе има луѓе што ќе се посветат на стратегијата и на приоритетите на ОНЕ како и да има строго издефинирани правила на казнување за непочитување на истите.

Ние со нашата локација, сме опкружени со држави од спротивниот табор. Ние колку и да сакаме да се бориме и да се спротиставуваме не само ние, туку било која држава нема да може да излезе на крај.

Што понатаму?

Повеќе од сигурно е дека со ова темпо ЕДЕН/ТЕРА ќе не избришат. Ништо страшно. Но што можеме ние да направиме после тоа.

1. Со Бугарите сега за сега сме статус кво и не би требале да се р’чкаме.
2. Да удриме на Албанија и да идеме на кај Италија, ако со Србите најдеме заеднички јазик.
3. Да удриме со Србите заедно на Грција, со тоа што ние би продолжиле со удар на Турција

Ете овака до сега се размислуваше….индивидуално…и тоа го правеа сите ОНЕ држави. Но мораме да излеземе од тој склоп на индивидуалец/поединец.

Што и да се одлучи, што и да се направи, МОРА МОРА да биде во стратегијата и приоритетот на сите сојузници.

Добро е ова што се случи со сите ОНЕ држави за да се освестиме и да почнеме да размислуваме како СОЈУЗ, а не како единка.

Силни сме, зрели сме како држава, ама сами не можеме ништо да направиме.

Една прачка, лесно се крши. Сноп прачки малце потешко.


Да сте ми живи и здрави сите !!!


ПС. За оваков ден како денешниов, вреди да се игра !!!